Проповедник 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1Си реков во срцето свое: „Ајде ќе те испитам во веселба: уживај во наслади!“ Но ете, и тоа беше суета!

2Изреки 14,13За смеата реков – глупост е, а за ве­селбата: каква полза од неа?

35,17; 6,12; Јов 14,5Си помислив во срцето свое да го насладам телото свое со вино и, додека срцето мое се води по мудроста, да се придржувам и за глупоста сѐ додека да видам, што е подобро за синовите човечки, што би требало да прават тие под небото во текот на малкуте денови од својот живот.

43 Цар 7,1-12; 1 Лет 27,27Презедов големи работи: си из­гра­див куќи, си насадив лозја,

5си уредив градини и овоштарници и посадив таму секакви овошни дрвја;

6си направив водостои за поливање на овошните дрвја;

7придобив слуги и слугинки, имав и слуги родени во домот мој; имав и крупен и ситен добиток, повеќе од сите, што беа пред мене во Ерусалим;

83 Цар 9,28; 10; 7,28; 9,9насобрав сребро и злато и скапо­цености од цареви и области; си доведов пејачи и пејачки и тоа, што ги насладува синовите човечки – многу жени.

9И така станав јас поголем и побогат од сите, што беа пред мене во Еру­са­лим; а и мудроста моја остана со мене.

10Што и да посакаа очите мои, не им откажував, не му забранував на срцето свое никаква веселба, бидејќи срцето мое се радуваше со сите мои трудови; и тоа ми беше награда за сите мои трудови.

11И се обѕрнав, та погледнав на сите мои дела, што ги беа извршиле моите раце, и на трудот, со кој се бев трудел, извршувајќи ги: и ете – сѐ беше суета и мака за духот, и немаше од нив полза на земјата!

121,9Потоа се свртев да ги погледам мудроста, безумството и глупоста: што може да направи човекот што ќе ме наследи, посебно од она, што е веќе направено?

13И видов дека предимството на мудроста пред глупоста е токму такво, какво што е предимството на светлината пред темнината:

1410,2; Јн 8,12; 1 Јн 2,10-11на мудриот очите му се во главата негова, а глупавиот оди во темнина; но дознав дека крајот на сите им е еднаков.

156,8Тогаш си реков во срцето свое: „И мене ќе ме стигне истото, како и глупавиот; зошто толку многу сакав да станам мудар?“ Па си реков во срцето свое дека и тоа е суета.

161,11; Сир 44,9Зашто нема да го помнат мудриот вечно, како и глупавиот; по време сѐ ќе се заборави, и, мудриот умира, како и безумниот.

17Тогаш го намразив животот, би­деј­ќи ми станаа одвратни работите, што се вршат под сонцето; зашто сѐ е суета и измачување на духот.

186,2; Сир 11,19И го намразив сето она, за кое се бев трудел под сонцето, затоа што тре­ба да го оставам на човек, што ќе дојде по мене.

19И кој знае: мудар ли ќе биде тој или глупав? А тој ќе располага со сиот мој труд, со кој сум се трудел и со кој сум се покажал мудар на земјата. Но и тоа е суета!

20Намислив да му внушам на срцето свое да се откаже од сиот труд, со кој се бев трудел на земјата,

21зашто еден човек се труди мудро, со знаење и со успех, и сето тоа треба да му го предаде на човек, што не се тру­дел за тоа, – како да е негов дел. Па и тоа е суета и зло големо!

22Зашто, што му останува на човекот од сиот негов труд и од грижата на срцето негово, што се труди на земјата?

238,16; Сир 40,5Бидејќи сите денови му се мачни, а трудовите негови – неспокојство; дури и ноќе срцето негово не знае за мир. Ете, и тоа е суета!

243,12-13; 11,9; Сир 14,14И не е ли добро за човекот да јаде, да пие и да ја насладува душата своја од својот труд. Но јас видов дека и тоа е од Божјата рака;

25зашто, кој може да јаде, и кој може да се насладува без Бога?

26Пс 48,10; Јов 27,16-17; Изреки 13,23Тој му дава мудрост, и разум и ра­дост на човекот, кој е добар пред лицето Негово; а на грешникот му дава гри­жи, – да собира и трупа, за да го предаде потоа на оној, кој е добар пред лицето Божјо! Па, ете, и тоа е суета и мака за духот!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help