1 Зах 7,1; Ест 2,8 Зборовите на Неемија, синот на Хахалија. Во месецот кислев, во дванаесеттата година, кога јас бев во престолниот град Суза,
27,2; Ер 52,28дојде Ананија, еден од моите браќа, – тој и неколку мажи од Јудеја. И јас ги прашав за спасените Јудејци што го избегнаа ропството, и за Ерусалим.
33 Мојс 26,31; 4 Цар 25,10; Ер 39,8А тие ми рекоа: „Оние што останаа незаробени, се наоѓаат таму, во земјата своја, и се во голема неволја и понижување; а ѕидовите на Ерусалим се урнати, и портите негови – со оган изгорени.“
Молитвата на Неемија за заштита на Ерусалим4 Пс 136,1; Дан 9,3; 10,2; 2 Лет 20,3 Кога ги чув тие зборови, седнав и заплакав и бев нажален неколку дена, постев и се молев пред Бога небесен,
55 Мојс 7,9; Дан 9,4и реков: „Господи, Боже небесен, Боже величествен и страшен, Кој го пазиш заветот и милоста кон оние што Те сакаат и постапуваат според Твоите заповеди!
62 Лет 6,40Ушите Твои нека бидат внимателни и очите Твои отворени за да ја чујат молитвата на Твојот слуга, со која сега се молам дење и ноќе пред Тебе за синовите Израилеви, слугите Твои, и се исповедувам за гревовите на синовите Израилеви, со кои згрешивме пред Тебе; згрешивме – јас и домот на мојот татко.
7Ние станавме престапници пред Тебе и не ги запазивме ни заповедите, ни наредбите, ни законите што ги беше дал на Мојсеј, Твојот слуга.
83 Мојс 26,33; 5 Мојс 4,27; 30,1-4Но присети се на зборот што му го беше дал на Мојсеј, Твојот слуга, велејќи: ‚Ако станете престапници, ќе ве растурам меѓу народите,
95 Мојс 30,4; 3 Цар 8,48; Ис 11,12; Ер 42,12; Ез 11,17; Мих 2,12; Пс 105,47; 107,3а кога ќе се обратите кон Мене и ќе ги пазите Моите заповеди и ќе ги извршувате, тогаш, макар да сте изгонети и на крајот од небото, и оттаму ќе ве приберам и ќе ве одведам на местото што сум го одбрал за да го воведам таму името Свое.‘
102 Мојс 32,11; 5 Мојс 9,29А тие се Твои слуги и Твој народ што Си го откупил со големата Своја сила и со моќната Своја рака.
11Ти се молам, Господи, нека биде увото Твое внимателно кон молитвата на Твојот слуга и кон молитвата на Твоите слуги, кои сакаат да го страхопочитуваат името Твое. Помогни му денес на Твојот слуга и воведи го во милоста пред очите на тој човек!“ Тогаш јас бев винар кај царот.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
