1Откако се навечераа, го воведоа и Товија кај Сара.
2А тој одејќи кон спалната соба, си ги спомна зборовите на Рафаил, па зеде кадилниче и ги стави внатре срцето и црниот дроб од рибата и покади.
3Мт 12,29.43; Откр 20,2Демонот, штом ја почувствува таа миризба, избега во горните предели на Египет, и ангелот го врза.
46,18; 7,12; 8,17Кога се затворија во собата, Товија стана од постелата и ѝ рече на Сара: „Стани, сестро, да Му се помолиме на Господ, за да се смилува на нас.“
5Тогаш Товија почна да се моли: „Благословен си, Боже на нашите татковци, и благословено е Твоето свето и преславно име во сите векови! Да Те благословуваат небесата и сите твои созданија!
61 Мојс 2,7; 2,20-25Ти го создаде Адам и му ја даде за помошничка Ева, од нив произлезе човечкиот род. Ти си рекол: ‚Не е добро човек да биде сам; да му создадеме помошничка слична на него.‘
74,12И сега, Господи, јас ја земам оваа моја сестра не од телесна побуда, туку навистина како сопруга. Смилувај се на мене и направи да остареам со неа!“
8И тогаш заедно и двајцата рекоа: „Амин.“
9Потоа тие спиеја спокојно цела ноќ. Меѓутоа Рагуил стана и појде да ископа гроб,
10мислејќи дека е, можеби, и овој умрен;
11па, кога се врати дома,
12ѝ рече на својата жена Една: „Испрати една од слугинките да види дали е жив; ако умрел, веднаш да го погребеме, та никој да не разбере.“
13Слугинката ја отвори вратата, и влезе во собата и виде дека спијат.
14Тогаш излезе надвор и јави дека е жив.
15Рагуил Му благодари на Бога, велејќи: „Боже, биди благословен со секој чист и свет благослов. Да Те благословуваат сите Твои светии, сите Твои созданија, сите Твои ангели и сите Твои избраници, – нека Те благословуваат во сите векови!
16Благословен си, зашто ме развесели; со мене не се случи онака како што мислев, туку ја покажа спрема нас Твојата голема милост.
176,15; 7,12; 8,4Благословен си затоа што се смилува спрема двајцата од ист род! Господи, излиј ја врз нив Твојата милосрдност, подари им да го завршат својот живот со здравје, веселба и милосрдие.“
18Тогаш им заповеда на своите слуги да го затрупаат гробот.
191 Мојс 18,6-7Потоа приреди свадбена гозба, која продолжи четиринаесет дена.
201 Мојс 24,54-55; 5 Мојс 24,5Тогаш Рагуил го заколна, велејќи: „Не оди си дома додека не изминат деновите на свадбата, не оди си додека не изминат четиринаесетте свадбени денови,
216,12а тогаш прими ја половината од имотот и врати се жив и здрав кај твојот татко; остатокот од имотот ќе го добиеш откако умреме јас и мојата жена.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.