1 24,1-2 Кога Исус остаре и навлезе во поодмината возраст, Господ му рече: „Ти остаре и веќе си во поодминати години, а останува уште многу да се завладее.
2Остануваат уште овие земји: сите филистејски предели и сите области на Гесуријците (и Хананците)
3Суд 3,3Од Шихор кој е кон Египет до границите на Екрон на север, се смета како подрачје на Хананците. Тоа се пет филистејски кнежества со главни градови: Газа, Ашдод, Ашкелон, Гет и Екрон како и територијата на Авимците.
4На југ, пак, целата хананска земја и Меара Сидонска, до Афека и до аморејските предели,
5исто така целата земја Гевла и источен Ливан од Ваал-Гад, во подножјето на Ермон, до Емат.
623,5; 4 Мојс 33,54; 34,13; Пс 79,8Сите планински жители од Ливан до Мисрефот-Маим, сите сидонци, Јас ќе ги избркам пред синовите Израилеви. Па раздели му ја таа земја со ждрепка во наследство на Израил, како што ти заповедав;
711,23раздели ја оваа земја сега како дел од наследството на деветте племиња и на половината од Манасиевото племе – (од Јордан до Големото Море на запад; ним дај им ја: Големото Море нека биде граница).“
Поделба на земјата источно од Јордан8 12,6 А племето Рувимово и Гадово, со другата половина од Манасиевото племе, го добија својот дел од Мојсеј од онаа страна на Јордан, на исток, како што им беше дал Мојсеј, слугата Господов,
9од Ароер, кој е до устието на потокот Арнон, и од градот, кој е среде долината – целата висорамнина Медева дури до Дивон.
10Исто така сите градови на аморејскиот цар Сион, кој царуваше во Есевон дури до пределите на Амоновите синови,
11како и Галаад и Гесурската и Маахатската област, и целата планина Ермон и целиот Башан до Салеха,
12целото царство Огово во Башан, кој царуваше во Аштарот и во Едреи. Само тој остана од гигантите, зашто Мојсеј нив ги победи и ги протера.
13Но Израилевите синови не ги избркаа жителите на Гесур и Маахат и Хананците кои живеат меѓу Израилците и до ден-денешен.
1413,33; 14,3; 5 Мојс 18,1Само на Левиевото племе не му даде наследство; Господ, Израилевиот Бог, е негово наследство, како што му беше рекол Господ; (а ова се деловите што им ги определи Мојсеј на синовите Израилеви според нивните племиња во Моваските рамнини од онаа страна на Јордан, спроти Ерихон).
15На племето на Рувимовите потомци според родовите нивни Мојсеј им даде дел:
16нивните предели беа од Ароер на устието од реката Арнон, и градот, што е во долината Арнонска, како и висорамнината околу Медева,
17Есевон со сите градови на висорамнината: Дивон, Бамот-Ваал и Бет-Ваал-Меон.
18И Јахца и Кедемот, и Мефаат;
19и Кирјатаим, и Сивма и Церет-Шахор,
20и Бет-Пеор, и падините на Фазга и Бет-Јешимот;
21сите градови на висорамнината и целото царство на аморејскиот цар Сион, кој царуваше во Есевон, и кого го победи Мојсеј, како и мидјанските старешини Евиј, и Рекем, и Цур, Ор и Рева, вазали на Сион, што живееја во таа земја;
224 Мојс 22,5; 31,8исто така и врачот Валаам, Беоровиот син, го убија со меч Израилевите синови.
23Граница на пределите на Рувимовите синови беше Јордан. Тоа беше делот на Рувимовите синови според нивните племиња – нивните градови и селата.
244 Мојс 32,34Мојсеј им даде наследство и на Гадовите синови, според нивните племиња:
25нивни предели беа Јазер и сите галаадски градови и половината од земјата на Амоновите синови до Ароер, кој е наспроти Рава;
26и земјите од Есевон до Рамат-Мицпа и Бетоним и од Маханаим до границата со Давир,
27а и во долината: Бет-Харам, и Бет-Нимра, и Сукот, и Цафон, остаток од царството на хешбонскиот цар Сион; неговата територија беше од Јордан до Генисаретското Езеро – од онаа страна на Јордан, кон исток.
28Тоа е наследството на Гадовите синови според нивните племиња, – нивните градови и нивните села.
29Мојсеј му даде дел и на половината од Манасиевото племе, според родовите нивни;
30нивни предели беа: од Маханаим, и целото царство Башанско, и целиот Башан на башанскиот цар Ог и сите Јаирови населби во Башан – шеесет градови;
31а половината од Галаад, и Аштарот и во Едреи, градови царски на Ог Башански, тие им беа дадени на синовите од Махир, Манасиев син, а тоа значи на Махировите синови, според родовите нивни.
32Тоа е наследството што им го даде Мојсеј во Рамнините Моавски од онаа страна на Јордан, спроти Ерихон, кон исток.
3313,14; 18,7; 4 Мојс 18,20; Ез 44,28А на Левиевото племе Мојсеј не им даде дел: Самиот Господ, Бог Израилев, е нивни дел, како што им беше рекол Тој.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.