Исаија 35 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Ќе се види Божјата слава

1 32,15; 41,18-19; 51,3; Ос 14,6; Песна 2,1 Ќе се развесели пустината и сувата земја, и ненаселената земја ќе се зарадува и ќе расцути како крин;

233,9; 40,5; 60,13; Песна 5,15; 7,5.6прекрасно ќе цути и ќе се радува, ќе ликува и ќе се весели; славата на Ливан ќе му се даде, великолепието – на Кар­мил и Сарон; тие ќе ја видат славата на Господ, величината на нашиот Бог.

Бог ќе измени сѐ

3 40,29-31; Зах 8,13; Јов 4,3.4; Евр 12,12 Закрепнете ослабени раце и зајак­не­те колена што треперите;

47,2-4; 25,9; 32,4; 40,10; 5 Мојс 31,6; Зах 9,9кажете им на плашливите со дух: бидете цврсти, не плашете се: ете, ва­шиот Бог иде со одмазда, со отплата Божја: Тој ќе дојде и ќе ве спаси.

529,18; 42,7; Мт 11,5; Лк 7,22; Јн 9,32; 10,21Тогаш ќе им се отворат очите на слепите, ушите на глувите ќе се одзатнат;

632,3-4; 43,20; 48,21; Мт 11,5; Дела 3,8тогаш куциот ќе скока како елен, и јазикот на немиот ќе пее; зашто води ќе бликнат во пустината, и потоци – во сте­пите.

734,11-15; 41,18; 44,3И горливиот песок ќе се претвори во езеро, а жедната земја – во водни из­во­ри; живеалиштето на чакалите, каде што тие се одмараат – ќе стане место за трска и рогозина.

Божјиот Свет Пат

8 11,16; 30,21; 43,19; 49,11; 52,1; 62,10 И таму ќе има друм, и патот по него ќе се нарече Свет Пат; нечистиот нема да оди по него; тој ќе биде само за све­тите; оние што одат по тој пат, дури и неискусните – нема да се загубат.

93 Мојс 26,6Лав нема да има таму, и лута ѕверка нема да се качува по него; тие нема да се најдат таму, само откупените ќе одат таму.

1027,13; 30,29; 51,11; 62,12; Пс 50,9Ќе се вратат избавените од Господ, ќе дојдат на Сион со радосни извици; и вечна радост ќе биде над нивната глава; тие ќе најдат радост и веселба, а жа­лос­та и воздишката ќе си заминат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help