1 34,32 Потоа го собра Мојсеј целото општество на синовите израилски, и им рече: „Еве што заповеда Господ да правите:
220,8; 31,12-17; 34,21; 1 Мојс 2,3; 4 Мојс 15,32-36; 5 Мојс 5,13-14шест дена да се работи, а седмиот ден да ви биде одмор, зашто е света сабота, починка на Господ; секој што ќе работи во тој ден, со смрт да се казни;
316,23во саботен ден да не палите оган нигде во живеалиштата ваши.“
Израилците ги приложуваат своите приноси4И уште му рече Мојсеј на целото општество на народот израилски: „Еве што заповеда Господ:
5соберете помеѓу вас принос на Господ, секој што од срце дава, нека донесе принос, доброволно нека принесе принос на Господ: злато, сребро и бакар,
6сина, пурпурна и црвена волна, лен (испреден) и козина;
7и овнешки кожи, црвени, сини кожи и дрво шитим;
825,6масло за светилникот, и мириси за маслото за помазание и мирисното кадиво;
9и камења од оникс, и камења за украсување на ефодот и за наградникот.
1031,6 И сите, кои се меѓу вас мудри по разум, нека дојдат да направат сѐ што заповедал Господ:
1126,1-37; 36,8-38Скинијата, платништата и покривот нејзин, кукичките нејзини и штиците, напречниците нејзини, столбовите нејзини и подножјата нејзини;
1225,10-22; 26,33; 37,1-9и ковчегот на заветот, со своите лостови, и очистилиштето, и завесата за преграда (и завесата на дворот со неговите столбови и смарагдни камења и темјан и миризлив елеј).
1325,23-30; 37,10-16Трпезата и лостовите нејзини, и сиот прибор нејзин и лебовите за принос;
1425,31светилникот за осветление со приборот негов и кадилата негови, и маслото за осветление;
1526,36; 30,1-6.25.34-38; 37,25-28и кадилниот жртвеник, и лостовите негови, и маслото за помазание, и миризбите за кадење, и завесата на вратата од скинијата;
1627,1-8; 30,18; 38,1-7жртвеникот за сепаленици, и неговите бакарни решетки, лостовите негови и сиот негов прибор, и мијалникот и подножјето негово.
1727,9; 38,9-20Завесите за дворот, столбовите негови и подножјата нивни, и завесата од вратата на дворот;
1827,19; 38,20коловите за скинијата, и коловите за дворот со јажињата нивни;
1928,2одеждите службени за служба во светилиштето, и светите одежди на свештеникот Арон, и одеждите на синовите негови за свештеничка служба.“
20Потоа целото општество на синовите израилски се повлече од Мојсеј.
21И доаѓаа сите кои срцето ги влечеше и душата ги поттикнуваше; доаѓаа, носејќи принос на Господ – приноси за уредување на скинијата, за сите нејзини потреби и за светите одежди;
22доаѓаа мажи и жени; сите, што срцето ги влечеше, и принесуваа веришки, обетки, прстени и гривни и секакви златни работи; секој, кој сакаше, принесуваше злато на Господ;
2339,1и секој, кој имаше сина, пурпурна и црвена волна и лен, овнешки кожи, црвени, и сини кожи, ги принесуваа;
24и секој, кој донесуваше сребро или бакар, Му Го принесуваше како дар на Господ; и кој имаше дрво шитим, го принесуваше за секоја потреба.
2528,3А секоја жена, мудра и вешта, предеше со своите раце и принесуваше сѐ што ќе испреде – преѓа сина, пурпурна и црвена и лен;
26секоја пак, жена, што сакаше, а и можеше да преде, предеше козина.
2725,2; 1 Лет 29,6.8А старешините принесуваа камен оникс и камења за украсување на ефодот и на наградникот;
2825,6; 29; 25,1-7; 36,3исто така и аромати, масло за осветление и масло за маслото за помазание и миризби за кадење!
29И така синовите израилски – сите мажи и сите жени, кои сакаа да принесат што и да е за делото, што заповеда Господ преку Мојсеј да се направи, принесоа доброволен дар на Господ.
Веселеил и Охолијав започнуваат со работа30Тогаш им рече Мојсеј на синовите израилски: „Ете, Бог го повика по име Веселеил, син на Уриј, синот Оров, од племето Јудино.“
312 Лет 2,8.15И го исполни со Божји Дух, со мудрост и со разум, со знаење и со секоја умешност;
32да изработува планови, и да прави работи од злато, сребро и бакар;
33да реже камења, да реже и обработува дрво, и да прави секакви уметнички работи;
3431,6а вложи во неговото срце и во срцето на Охолијав, синот Ахисамахов, од племето Даново, и способност да можат да учат и други.
35Ги обдари со умешност да вршат секаква работа (за светилиштето, работа), на ковач, уметник и везач на сина, пурпурна и црвена и ленена ткаенина и ткајачи, кои прават секакви работи и изработуваат уметнички планови.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.