1 , која се наоѓа близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење.
13Мт 10,2-4И кога дојдоа, се искачија во горната одаја, каде што престојуваа Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов.
144,32; Мт 18,19; Лк 8,19Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење заедно со некои жени и со Марија, мајката на Исус, и со браќата Негови.
15И во тие дни Петар стана меѓу браќата, а беа се собрале околу сто и дваесет души и рече:
16„Мажи браќа! Требаше да се исполни напишаното што го беше претскажал Светиот Дух преку устата Давидова за Јуда, водачот на оние што Го фатија Исуса,
17Лк 22,47зашто тој беше вброен меѓу нас и беше примил дел од оваа служба;
18Мт 27,3-10но со неправедна награда тој стекна нива и, откако падна ничкум, прсна по средината, и се истури целата негова утроба.
19Мт 27,8И тоа им стана познато на сите жители во Ерусалим дека таа нива се нарече на нивниот јазик Акелдама, што значи ‚крвна нива‘.
20Пс 68,25; Пс 108,8Зашто во книгата на Псалмите е напишано: ‚Домот негов да запусти и никој во него да не живее, епископството негово друг да го прими.‘
21И така, еден од оние луѓе што беа со нас за сето време, откако дојде и си замина од нас Господ Исус,
22почнувајќи од крштевањето Јованово па до денот кога се вознесе од нас, треба да биде сведок со нас за Неговото воскресение.“
23И поставија двајца: Јосиф, наречен Варнава, а по прекар Јуст, и Матиј;
2415,8потоа се помолија и рекоа: „Ти, Господи, Кој ги познаваш срцата на сите, покажи од овие двајца еден, кого си го избрал,
256,4за да прими дел од оваа служба и од апостолството од кое отпадна Јуда за да си отиде на своето место.“
26И фрлија ждрепка за нив, и ждрепката падна на Матиј; и тој се вброи кон единаесетте апостоли.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
