1Потоа Давид ги порази Филистејците и ги покори, па го презеде Гет и неговите села од рацете на Филистејците.
2Тој ги порази и Моавците, и Моавците му станаа поданици на Давид и му даваа данок.
31 Мојс 2,14Давид го порази и цовајскиот цар Адраазар во Хамат, кога тој одеше да ја утврди власта своја до реката Еуфрат.
41 Мојс 49,6И зароби Давид од него илјада коли, седум илјади коњаници и дваесет илјади пешаци; и ги уништи Давид сите коли, оставајќи од нив само сто.
5Арамејците од Дамаск сакаа да му дојдат на помош на цовајскиот цар Адраазар, но Давид порази дваесет и две илјади Арамејци.
6Давид постави војска во Арам кај Дамаск, и Арамејците му станаа на Давид поданици и му плаќаа данок. Така му помагаше Господ на Давид секогаш, каде и да одеше.
7Давид ги заплени златните штитови, што ги носеа Хададезеровите слуги, и ги донесе во Ерусалим.
83 Цар 7,23; 2 Лет 4,2-5А од Тивхат и Кун, Хададезерови градови, Давид однесе мошне многу бакар. Од него Соломон ги направи бакарното море и столбовите, и бакарните садови.
9Кога чу за тоа хаматскиот цар Тоу дека Давид ја поразил целата војска на цовајскиот цар Адраазар,
10го испрати синот свој Хадорам кај царот Давид, да го поздрави и да му честита, поради тоа што војувал со Адраазар и го поразил – зашто Тоу беше во војна со Адраазар, – и по него испрати секакви садови златни, сребрени и бакарни.
11Царот Давид Му ги посвети на Господ, заедно со среброто и златото, што го беше одзел од сите народи: Едомците, Моавците, Амонците, Филистејците и Амаликијците.
123 Цар 11,15И Авеса, синот на Саруја во Солената Долина порази осумнаесет илјади Едомци;
13и постави во Едом војска, и сите Едомци му станаа поданици на Давид. Господ му помагаше на Давид секогаш, каде и да одеше.
14И царуваше Давид над сиот Израил и делеше суд и правда на сиот народ свој.
15Јоав, Саруевиот син, беше војвода над војската, а Јосафат, Ахилудовиот син – летописец,
16Садок, синот на Ахитув, и Авимелех, синот Авијатаров, беа свештеници, а Шавша – писар,
17Ванеја, синот на Јехојада, беше над Керетијците и Пелетијците, додека синовите Давидови беа први до царот.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
