Агеј 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Прекор поради неѕидање на храмот

1 Зах 1,1; 3,1-9; 4,6-10; 1 Езд 3,2; 5,1 Во втората година на царот Дариј, во шестиот месец, на првиот ден во месецот, дојде слово Господово преку пророкот Агеј до Зоровавел, синот на Салатиил, управител на Ју­деја, и до Исус, синот Јоцадаков, првосвештеникот.

21 Езд 5,11-17Вака вели Господ Саваот: „Овој народ говори: Уште не е дојдено вре­мето, не е време сега да се гради дом Господов.“

3И дојде слово Господово преку пророкот Агеј, велејќи:

42 Цар 7,2; Ер 22,14„А за вас време ли е да живеете во своите украсени домови, кога е Светилиштето запустено?“

5Затоа сега вака вели Господ Са­ва­от: „Преиспитајте ги своите патишта!

65 Мојс 28,38; Ер 12,13; Ос 4,3.10; Мих 6,14-15; Зах 8,10Вие сеете многу, а собирате малку; јадете, а не се заситувате; пиете, а не се напивате; се облекувате, но не се стоплувате; оној што печали пари, ги става во дупнато ќесе.“

7Така вели Господ Саваот: „Преиспитајте ги своите патишта!

8Качете се на планината, донесете дрвја и градете го храмот, и тоа ќе Ми биде угодно, па ќе се прославувам, вели Господ.

9Очекувавте многу, а излегува мал­ку, и што ќе внесете дома, тоа Јас го разнесувам. Зошто? – вели Господ Саваот: Затоа што домот Мој е запустен, додека секој од вас се грижи за домот свој.

103 Мојс 26,19-20; Ис 5,6Па поради тоа небото се затвори и не ви дава роса и земјата не ви дава плодови.

11Ер 4,23-28; Амос 4,7Затоа повикав суша врз земјата, врз горите, врз житото, врз гроздо­ви­те, врз маслото и врз сѐ што се раѓа од земјата, и врз човекот и врз до­би­токот, и врз секој ваш труд.“

12Ис 4,3; Зах 8,6.11; 1 Езд 1,4; 9,8.14И Зоровавел, синот на Салатиил, и Исус, синот на Јоцадак, и сиот друг народ го послуша гласот на Господ, својот Бог, а и зборовите на пророкот Агеј, како гласник на нивниот Господ Бог, и народот се подуплаши од Гос­под.

13Суд 6,12; 2 Цар 7,3; Ис 41,10Тогаш Агеј, гласникот Господов, испратен од Господ, му рече на народот: „Јас сум со вас“ – вели Господ.

141 Езд 1,5; 5,2И Господ го подигна духот на Зоровавел, синот на Салатиил, упра­вителот на Јудеја, духот на Исус, си­нот Јоцадаков, првосвештеникот, и духот на сиот друг народ – и тие дојдоа и почнаа да го градат домот на Господ Саваот, својот Бог;

15а тоа стана во дваесет и четвртиот ден од шестиот месец, во втората го­дина на царот Дариј.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help