Агеј Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)
ВоведКнигата на пророкот Агеј претставува збирка од повеќе куси пораки од Господ упатени преку пророкот Агеј, во 520 г. пр. Христос. Таа година, голем број Јудејци се вратиле во својата земја по долгогодишното прогонство во Вавилон. Побогатите се снашле, но голем дел од народот се измачувал во сиромаштија. Господ им порачува преку пророкот Агеј дека причината за тешкиот живот е во тоа што тие не го обновиле Божјиот храм, кој лежел во урнатини. Тоа покажувало дека тие немаат многу почит кон Господ, а како последица, Господ не им дал благослов.Вавилонците го разурнале храмот во Ерусалим во 587 г. пр. Христос. По педесетина години, во 538 г. Јудејците започнале да го обновуваат храмот, но набргу се обесхрабриле во работата. Во времето на пророкот Агеј, се повторила истата ситуација. Затоа Господ го охрабрува Зоровавел да остане доследен во обновата на храмот, со ветување од Господ дека новиот храм ќе ја надмине славата на поранешниот. Тогаш народот се посветил на обнова на храмот, а Господ им го ветува Својот благослов.