1 15,5.32 Мудриот син ја слуша татковата поука, а непослушниот не го слуша прекорот.
212,14; 18,20Од плодот на устата своја човекот ќе вкуси добро, а душата на беззаконикот е полна со насилство.
310,19; 18,21; 21,23Кој ја чува устата своја, тој ја чува душата своја; а кој широко ја отвора устата своја, тешко нему.
410,4; 12,27Душата на мрзливиот посакува, но напразно; а душата на работливиот ќе се насити.
511,12; 23,9Праведниот го мрази лажливиот збор, а безбожниот се однесува бесрамно и одвратно.
611,3.5Правдата го чува непорочниот, а безбожноста го погубува грешникот.
711,24; 12,9Некој се покажува богат, а нема ништо; друг се прикажува за сиромав, а има големо богатство.
822,2; 23,4Понекогаш богатиот со пари го откупува својот живот, додека сиромавиот не треба од тоа да се плаши.
94,18; 20,20; 24,20Светлината на праведниците свети силно, а светилото на нечесните згаснува.
9а Подмолните души лутаат во гревови, а праведните се сожалуваат и се смилостивуваат.
1011,2Од гордоста произлегува кавга, а мудроста е во оние што примаат совет.
1110,2; 20,21; 21,6Богатството, спечалено со беззаконие, се намалува, а кој собира со труд, го зголемува.
1215,13.15; 27,19Надежта, долго неостварена, го изнемоштува срцето, а исполнетата желба е како дрво на животот.
1313,21Кој не води грижа за словото, тој си штети, а кој се бои од заповедта, нему ќе му се даде награда.
14На лукавиот син ништо не му е добро, а на мудриот домаќин делата му успеваат и патот му е прав.
1514,27Поуката на мудриот е извор на животот; таа го избавува од мрежите на смртта.
163,4; 21,8Добриот разум донесува пријатност, а патот на беззакониците, води во пропаст.
1712,23; 15,2Секој благоразумен работи со знаење, а глупавиот се истакнува со глупости.
1825,13Лош гласник носи беда, а верен гласник е спасение.
1915,5Немаштија и срам за оној, што го отфрла учењето; а оној, кој ја пази поуката, ќе се прослави.
201 Мојс 3,6; Пс 9,23Исполнетата желба е пријатна за душата, но на глупавите им е тешко да го одбегнуваат злото.
2114,7; 15,7Кој се состанува со мудри, мудар ќе биде; а кој другарува со безумни, глупав ќе биде.
2210,24Грешниците злото ги гони, а на праведниците им се враќа добро.
2328,8; Сир 44,11Добриот остава наследство и на внуци, а богатството на грешникот се чува за праведните.
2415,25; 22,28; 23,10Праведните имаат богатство многу години, неправедните бргу го загубуваат.
2519,18; 22,15; 23,13-14; 29,15.17Кој ја жали прачката, го мрази синот свој; а кој го сака, го казнува од детските години.
2610,3Праведникот јаде до наситување, а стомакот на беззакониците трпи од недостиг.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.