Римјаните 10 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1Браќа, желбата на моето срце и на мојата молитва кон Бога за Израил е за негово спасение.

2Дела 22,3; 1 Тим 1,13Јас им сведочам дека тие имаат рев­ност за Бога, но не според сознанието.

39,31-32; Лк 16,15; 18,9-14; Фил 3,9Зашто, не знаејќи за Божјата пра­ведност и тежнеејќи да воспостават своја сопствена праведност, тие не ѝ се подредија на Божјата праведност,

4Мт 5,17; Јн 3,18; Дела 13,39; Гал 3,24; Евр 8,13бидејќи крајната цел на Законот е Христос, за да биде оправдан секој што во Него верува.

Спасението доаѓа до секој човек што верува во Господ

5 3 Мојс 18,5; Гал 3,12 Мојсеј пишува за праведноста на Законот: „Кој ќе го исполни, тој ќе биде преку него жив.“

65 Мојс 30,12-14

9,30; 5 Мојс 9,4А праведноста од верата вели: „Да не речеш во срцето свое: Кој ќе се искачи на небото?“, што значи да се симне Христос,

7или: „Кој ќе слезе во бездната?“, што значи да се изведе Христос од мрт­вите!

8А што вели таа? – „Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце“, односно словото на верата, што го проповедаме,

9Дела 16,31; 1 Кор 12,3; Фил 2,11зашто, ако со устата исповедаш дека Исус е Господ и во срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш;

10бидејќи со срцето се верува за оп­равдание, а со устата се исповеда за спа­сение.

119,33; Ис 28,16А и Писмото вели: „Секој кој верува во Него, нема да се посрами.“

121,16; Дела 10,34.36; Гал 3,28Нема разлика меѓу Јудеец и Елин, зашто еден и ист е Господ на сите, богат за сите кои Го повикуваат.

13Јоил 2,32; Дела 2,21Бидејќи секој кој ќе го повика име­то Господово, ќе биде спасен.

14Евр 11,6Но како да Го повикаат Оној во Ко­го не поверувале? Како, пак, да поверуваат во Оној за Кого не слушнале? А како да слушнат, ако нема кој да про­по­веда?

15Ис 52,7; Наум 1,15И како да проповедаат, ако не бидат испратени, како што е напишано: „Кол­ку им се прекрасни нозете на оние, што благовестат мир, што го благовестат доброто.“

161,5; Ис 53,1; Јн 10,26; 12,38; 2 Сол 1,8; Евр 4,2Но Евангелието сите не го пос­лу­шаа. Зашто Исаија вели: „Господи, кој поверува во она што го проповедавме?“

17Јн 17,8.20Затоа, верата доаѓа од слушањето на пораката, а пораката – од Божјото слово.

18Пс 18,4Но велам: зар тие не слушнаа? На­против. „Гласот им се разнесе по целата земја, и зборовите нивни – до краиш­тата на вселената.“

1911,11-14; 5 Мојс 32,21Пак велам: зар Израил не разбра? Најнапред Мојсеј кажа: „Јас ќе ве раздразнам до љубомора со оние кои не се народ; со неразумен народ ќе ве раз­гне­вам.“

209,30; Ис 65,1А Исаија се осмели да каже: „Ме најдоа оние кои не Ме бараа, им се от­крив на оние, кои не прашаа за Мене.“

21Ис 65,2За Израил, пак, вели: „Постојано ги подавав рацете Свои кон народ не­пос­лу­шен и бунтовен.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help