Софонија 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Грешниот Ерусалим

1Тешко на непокорен, осквернет и насилнички град!

2Амос 4,6Не слуша повик, не прифаќа по­ука, не се надева на Господ, не се приближува до својот Бог.

3Ез 22,25-26; Изреки 28,15Кнезовите негови се како лавови што рикаат, судиите негови – вечерни волци, кои до утрината не оставаат ниту една коска.

4Ер 6,13; Ос 9,7Пророците негови се луѓе лесно­мислени, неверни; свештениците не­гови ја осквернуваат светињата, ги кршат законите.

55 Мојс 32,4; Ер 6,15; Пс 100,8Господ е праведен среде него, не врши неправда, секое утро го произнесува Својот суд на видело, но беззаконикот не знае за срам.

6Јас ги истребив народите – раз­рушени им се тврдините; ги опустив улиците нивни, така што никој не оди по нив; разорени се градовите нивни: нема ниту еден човек, нема жител.

7Амос 4,6Јас реков: „Можеби ќе се исплаши од Мене, ќе прими поука; не е можно да ги заборавиле бројните Мои походи.“ Но, не! Тие грижливо се трудеа да ги расипат сите свои дела.

Народите пред Господ

8 1,18; Ис 14,26 И така, чекајте Ме, вели Господ, до оној ден, кога ќе се кренам како су­дија; што Јас одлучив да ги соберам народите, да ги свикам царствата, за да го излијам врз нив Мојот гнев, сета јарост на Мојот гнев; зашто од огнот на јароста Моја ќе биде уништена целата земја.

9Мал 1,11Тогаш Јас пак ќе им дадам на чис­ти­те народи уста да го призовуваат името на Господ и да Му служат еднодушно.

10Ис 18,7Од краиштата отаде реките на Етиопија поклониците Мои – Моите растурени деца – ќе Ми принесат да­рови.

11Ис 54,4; Пс 3,4Во тој ден ти нема да се срамуваш за твоите бунтовни постапки, со кои грешеше против Мене, зашто тогаш Јас ќе ги отстранам од твојата средина горделивите фалбаџии и нема повеќе да се гордеат на Мојата света гора.

122,3; Ис 14,32Но ќе оставам среде тебе народ скромен и понизен, и тие ќе бараат закрила во името Господово.

13Ис 53,9; Откр 14,5Остатоците од Израил нема да вршат неправда, нема да зборуваат лага, и во устата нивна нема да се нај­де јазик сплеткарски. Тогаш ќе пасат и ќе лежат, и никој нема да ги вознемирува.

Радосна песна

14 Ис 12,6; 54,1; Зах 2,10; 9,9 Радувај се, ќерко Сионова, ликувај, Израиле, весели се и радувај се од сѐ срце, ќерко ерусалимска:

15Ис 40,2; Ер 8,19Господ ја одмени пресудата над тебе, го изгони непријателот твој. Господ, Царот Израилев, е среде тебе: нема повеќе да се плашиш од зло.

16Ис 35,3-4Во оној ден ќе му речат на Еру­са­лим: „Не бој се“ и на Сион: „Да не заслабнат рацете твои.“

17Ис 12,6; 62,5; Ер 32,41Господ, твојот Бог, е среде тебе. Тој е силен да те спаси; ќе се раз­весели за тебе со радост, ќе те обнови според љубовта Своја, ќе се гордее за тебе со песни, како на празничен ден.

Божјо ветување за Неговиот народ

18 Плач 2,6 Ќе ја отстранам неволјата од тебе, за да не го носиш повеќе срамот.

19Ез 34,11.16Ете, Јас ќе ги притеснам сите твои мачители во она време, ќе го спасам она што е куцо, ќе ги соберам расеаните и ќе им дадам чест и слава по целата земја, каде што беа под срам.

20Ер 32,37; Мих 4,6Во она време ќе ве доведам, во она време ќе ве соберам вас, зашто ќе ве направам прочуени и почитувани меѓу сите народи на земјата, кога ќе ја изменам вашата судбина пред очи­те ваши, вели Господ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help