1 3 Цар 15,8 И почина Авија кај своите предци и го погребаа во Давидовиот град. На негово место се зацари синот негов Аса. Во неговите дни земјата беше спокојна десет години.
22 Мојс 23,24; 34,13; Суд 2,2Аса го правеше она, што беше добро и угодно пред очите на неговиот Господ Бог;
31 Лет 16,11тој ги отстрани жртвзениците на туѓите богови и идолските светилишта, ги скрши статуите и ги исече паганските столбови;
43 Цар 15,14; Ис 27,9; Ез 6,4им заповеда на Јудејците да Го бараат Господ, Бог на нивните предци, да го исполнуваат законот Негов и заповедите;
51 Лет 22,9ги отстрани од сите градови Јудините идолски светилишта и статуите на сонцето. И царството негово беше спокојно.
61 Лет 22,9И бидејќи беше спокојна земјата, тој изгради тврдина во Јудеја; тој не војуваше во тие години, зашто Господ му беше дал спокојство.
7И им рече Аса на Јудејците: „Да ги изградиме овие градови и да ги заградиме со ѕидиште и кули, со порти и клучеви; земјата е уште наша, зашто ние Го побаравме Господа, нашиот Бог; ние Го побаравме, и Тој ни даде спокојство од сите страни.“ И почнаа да градат, и успеваа.
81 Мојс 10,8-9Воената сила на Аса беше: од Јудиното колено триста илјади вооружени со штитови и копја, од Венијаминовото колено двесте и осумдесет илјади јунаци, вооружени со штитови и стрелци со лак.
9И се крена против нив Зерах, Етиопјанин, со еден милион војска и триста коли, и стигна до Мареша.
103 Цар 8,44; Пс 9,18; 59,11-12Му излезе Аса во пресрет, и се распоредија за борба во долината Сефата, кај Мареша.
11Повика Аса кон Господ, неговиот Бог, и рече: „Господи, нели е во Твоја сила да им помагаш на силни и слаби? Тогаш помогни ни нам, Господи, Боже, наш, зашто ние на Тебе се надеваме и во Твое име излеговме против ова множество. Господи, Ти си наш Бог; да не биде човекот посилен од Тебе.“
121 Мојс 10,19; 2 Цар 22,38; Пс 43,1; Неем 9,24И Господ ги порази Етиопјаните пред Аса и пред Јуда, и Етиопјаните избегаа.
131 Мојс 35,5; 5 Мојс 2,25Аса, пак, и народот со него ги гонеше до Герар; Етиопјаните паднаа толку, што ниеден не остана жив, зашто беа поразени пред Господ и пред Неговата војска. И собраа прилично голем плен.
14Ги разрушија сите градови околу Герар, зашто ужас од Господ налета врз нив; и ги ограбија сите градови и изнесоа од нив многу голем плен.
15Ги разрушија и пастирските колиби, ограбија многу стада од ситен добиток и камили, и се вратија во Ерусалим.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.