1 Пс 1; 91; Јов 5,19; Изреки 12,21; 24,16 Кој има страв од Господа, зло нема да го снајде; од искушение Тој го избавува.
232,15Мудриот не го мрази законот, а кој лицемерно го држи – тој е како брод во олуја.
3Разумен човек во законот се надева и законот за него е како Божја волја.
Глупавиот и лицемерниот4Подготви го говорот твој, тогаш ќе те слушаат; собери знаење – тогаш одговарај.
5Срцето на глупавиот е како тркало од кола, а мислата негова, како оска што се врти.
6Пријател зајадлив е како буен коњ; кој и да го јавне – на секого 'ржи.
Бог ги прави разликите7Зошто еден ден од друг е подобар, кога на сите денови во годината од сонцето им доаѓа светлина?
8Разделени се од мудроста на Господа; Тој одделил времиња и празници.
9Некои од нив издигнал и осветил, а другите ги вброил во обичните денови.
101 Мојс 2,7; 3,19; Јов 10,9; Проп 12,7И сите луѓе се од кал, па Адам од земја беше создаден.
11Но по мудроста Своја Господ различни ги создал: на сите различни патишта им определил;
121 Цар 2,6-8; Ер 30,21; Лк 1,51-53едни благословил и издигнал, други осветил и до Себе ги приближил, а трети проколнал и понизил, и од нивните места ги изместил.
13Мудр 15,7Како што глината во рацете на грнчарот добива облик по негова волја, така се и луѓето во рацете на својот Создател, Кој на сите им дава според Својот суд.
14Како што спроти злото стои доброто, а спроти смртта – животот, така спроти побожниот стои грешникот.
1542,24-25; Проп 3,1-8Така гледај ги сите дела на Севишниот: сите се по две, едно спроти друго.
Авторот размислува за својата работа16 Ис 24,13; Ер 49,9; Пс 101,7; Мудр 6,15 Јас последен се свестив како оној што бере по гроздоберачи,
17и со Божји благослов како вистински гроздоберец бочвата моја ја наполнив.
1824,34Сфатете, не се трудев само за мене, туку за сите коишто бараат поука.
Чувај се да не зависиш од други19Чујте ме, кнезови народни, послушајте ме, на собирот началници!
20Ни на жена, ни на син, ни на брат, ниту на пријател не давај им власт над тебе – додека си жив. На друг не давај го имотот свој, па ако се премислиш – да молиш да ти го вратат.
21Додека си жив, додека здив има во тебе, власт над себеси никому не давај;
22подобро е децата твои тебе да те молат, отколку ти да гледаш во рацете на твоите синови.
23Биди господар во сите твои работи; не дозволувај твојата чест извалкана да биде.
24На крајот од твојот живот, на смртниот час – предај го наследството.
Како да се постапува со робовите25 Изреки 26,3 На магарето давај му: крма, стап и товар, а на робот – леб, казна и работа.
26На робот дај му работа, и спокоен ќе бидеш; слободни раце дај му – слобода ќе бара.
277,23; Изреки 29,19Јаремот и амот му го свиваат вратот на волот, за лошиот роб се вериги и рани.
28Праќај го на работа – мрзлив да не биде; мрзливоста учи на лоши работи.
2933,27Дај му работа што му одговара, а ако не слуша, стави го во окови,
30но никого од нив не претоварувај; не прави ништо што е неразумно.
31Ако имаш роб, гледај го како себеси, бидејќи со крв си го придобил.
327,20-21Имаш ли роб, постапувај со него како со брат; од него потреба ќе имаш – како и од својата душа.
33Ако го измачуваш, па ти избега, по кој пат ќе го бараш?
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.