Јован 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Исус и Неговите браќа

1 5,18 Потоа одеше Исус по Галилеја, за­тоа што не сакаше да оди во Јудеја, бидејќи Јудејците сакаа да Го убијат.

22 Мојс 23,14.16; 3 Мојс 23,34; 4 Мојс 29,12-39; 5 Мојс 16,13-16; Зах 14,16-19; Неем 8,1-18Се приближуваше, пак, јудејскиот празник Сеници.

3Мт 12,46; Мк 3,31; Дела 1,14Тогаш браќата Негови Му рекоа: „Излези одовде и оди во Јудеја, та и учениците Твои да ги видат делата што ги вршиш.

44,48; 6,30Зашто никој не прави нешто тајно кога сака да се прочуе. Ако Ти ги вр­шиш овие работи, тогаш покажи се пред светот!“

5Мк 3,33-35Зашто и браќата Негови не веруваа во Него.

62,4; 7,30; 8,20А на тоа Исус им одговори: „Моето време уште не е дојдено, а за вас времето е секогаш погодно.

73,19-21; 15,18Светов вас не може да ве мрази, а Мене Ме мрази, зашто Јас сведочам за него дека делата му се лоши.

8Лк 9,51Вие отидете на овој празник; Јас нема да излезам на овој празник, зашто вре­мето Мое сѐ уште не се исполнило.“

9Откако го рече тоа, остана во Гали­леја.

Исус на празникот

10Но, штом отидоа браќата Негови, и Тој отиде на празникот, но не јавно, туку некако скришум.

1111,56А Јудејците Го бараа на празникот и велеа: „Каде е Оној?“

127,40-43; Мт 27,63И многу расправии имаше меѓу народот за Него; едни зборуваа: „Добар е“, а други велеа: „Не, туку го измамува народот!“

139,22; 12,42; 19,38; 20,19Но никој не зборуваше за Него от­ворено, поради страв од Јудејците.

14А на средината од празникот, влезе Исус во храмот и поучуваше.

15Мт 7,28-29; 13,54-57; Лк 2,47; Дела 4,13И се чудеа Јудејците, велејќи: „Ка­ко ги познава Овој Книгите, кога не учел?“

163,11-13.31-35; 12,49; 14,10Тогаш им одговори Исус и рече: „Учењето Мое не е Мое, туку на Оној што Ме прати;

17и ако некој сака да ја врши волјата Негова, ќе разбере дали е ова учење од Бога, или Јас Самиот од Себе зборувам.

185,41-44; 8,50; Пс 91,15Кој говори самиот од себе, тој си бара своја слава; а кој ја бара славата на Оној што Го пратил, Тој е вистинит и во Него нема неправда.

191,17; 5,46-47; 8,37-41; Дела 7,53; Рим 2,17-23Зар не ви го даде Мојсеј Законот? Но никој од вас не го исполнува Зако­нот. Зошто сакате да Ме убиете?“

208,48; 10,20; Мт 11,18; 12,24.27Народот одговори и рече: „Демонот е во тебе! Кој сака да Те убие?“

215,2-9.16Одговори Исус и им рече: „Едно де­ло извршив и сите се чудите.

221 Мојс 17,10-13; 21,4; 3 Мојс 12,3; Рим 4,11Мојсеј ви го даде обрезанието, не затоа што тоа е од Мојсеј, туку од тат­ковците – и вие во сабота обрезува­те човек.

23Мт 12,1-5.11-12; Мк 3,5; Лк 13,15-16Ако човек се обрезува во сабота, за да не се наруши Законот Мојсеев, на Мене ли се гневите што цел човек излекував во сабота?

248,15; 3 Мојс 19,15; Ис 11,3-4; Зах 7,9Не судете според надворешноста, туку судете со праведен суд!“

255,18; 7,19; 8,37.40Тогаш некои од Ерусалим рекоа: „Не ли е Овој што Го бараат да Го убијат?

26Ете, јавно говори и ништо не Му велат. Да не се увериле и началниците дека е Тој навистина Христос?

276,42; 7,41; 9,29Но, Овој Го знаеме од каде е, а кога ќе дојде Христос никој не ќе знае од ка­де е.“

288,19.26; 19,9Тогаш Исус, поучувајќи во храмот, извика гласно и рече: „И Мене Ме познавате и знаете од каде сум; но Сам од Себе не дојдов, туку Тој што ме прати е Вистинитиот; Него вие не Го познавате.

298,55; 17,25; Мт 11,27Јас, пак, Го знам, зашто сум од Не­го и Тој Ме прати.“

302,4; Лк 4,29-30Тогаш сакаа да Го фатат, но никој не кладе рака на Него, бидејќи уште не беше дошол часот Негов.

312,11.23; 8,30; 10,42; 11,45; 12,11.42И мнозина од народот поверуваа во Него и велеа: „Кога ќе дојде Христос, зар ќе направи поголеми чуда откол­ку што направи Овој?“

32Мт 11,2; 12,23Чуја фарисеите дека народот така зборува за Него, па испратија фарисеите и првосвештениците слуги да го фатат.

331,1; 12,35; 16,5.10.16Тогаш Исус им рече: „Уште малку време сум со вас, а потоа ќе отидам кај Оној Кој Ме прати.

348,21; 12,40; 13,33.36; 5 Мојс 4,29; Ис 55,6Ќе Ме барате и нема да Ме најдете; и каде што ќе бидам Јас, вие не ќе мо­жете да дојдете.“

3512,20-24; Изреки 1,28; Јк 1,1; 1 Птр 1,1А Јудејците си рекоа меѓу себе: „Каде ќе оди Овој та да не можеме да Го најдеме? Да не сака да оди при раселените меѓу Елините, па и Елините да ги поучува?

36Што значат овие зборови: ‚Ќе Ме барате и не ќе Ме најдете‘; и ‚Каде што ќе бидам Јас, вие не ќе можете да дој­де­те?‘“

Изворот на жива вода

37 3 Мојс 23,36; Ис 55,1; Откр 21,6; 22,17 А во последниот голем ден од праз­никот застана Исус и извика со силен глас, велејќи: „Кој е жеден нека дојде кај Мене да пие!

384,10.14; 19,31-34; 2 Мојс 17,1-6; Ис 12,3; 43,20; 44,3; 58,11; Ез 47,1-12; Јоил 3,18; Зах 13,1; 14,8; 1 Кор 10,4Кој верува во Мене, како што е речено во Писмото, од неговата утроба, ќе потечат реки од жива вода.“

3912,16.23.28; 13,31-32; 16,7; Дела 2,4А ова го рече за Духот, Кого што ќе Го примат оние кои веруваат во Не­го; зашто Светиот Дух уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен.

406,14; 5 Мојс 18,15-18; Мт 21,11; Дела 3,22; 7,37А мнозина од народот, кога ги чуја овие зборови, рекоа: „Навистина Овој е пророк!“

411,46; 7,52Други велеа: „Овој е Христос.“ А некои рекоа: „Зар од Галилеја ќе дојде Христос?

422 Цар 7,12-17; Пс 88,3-4; Ер 23,5; Мих 5,1; Мт 2,5-6; Рим 1,3Не е ли речено во Писмото дека Христос ќе дојде од семето Давидово и од гратчето Витлеем, од каде што беше Давид?“

433,19-21; 9,16; 10,19И така настана меѓу народот раздор за Него.

447,30А некои од нив сакаа да Го фатат, но никој не стави рака врз Него.

45Дојдоа, пак, слугите кај првос­веш­тениците и фарисеите и овие им рекоа: „Зошто не Го доведовте?“

46Мт 7,28; 13,54А слугите одговорија: „Никогаш човек не говорел така како Овој Чо­век.“

47Тогаш им одговорија фарисеите: „Да не се прелагавте и вие?

4812,42; 1 Кор 1,26Поверувал ли некој од началниците и фарисеите во Него?

49Ер 5,4-5Но, овој народ, што не го знае За­конот, е проклет.“

503,1-2; 19,39Никодим, пак, кој беше отишол кај Него ноќе, а беше еден од нив, им рече:

512 Мојс 23,1; 5 Мојс 1,16; 17,4.6„Осудува ли нашиот Закон човек додека најнапред не го сослушаат и не дознаат што прави?“

521,46; 5,39; 7,41А тие му одговорија и рекоа: „Да не си и ти од Галилеја? Испитај и ќе ви­диш дека пророк од Галилеја не се јавува!“

53И секој си отиде во својот дом.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help