2 Царства 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 1 Цар 23,2.4; 23,9-12 Потоа Давид Го праша Господа, велејќи: „Да одам ли во некој од Ју­дините градови?“ И Господ му рече: „Оди.“ Давид пак праша: „Каде да одам?“ И Тој му рече: „Оди во Хеврон.“

23,2-3; 1 Цар 27,3; 30,5И Давид отиде таму со двете жени свои: јизреелката Ахиноам и карме­литката Авигеја, бившата Навалова жена.

3Давид ги одведе и луѓето што беа со него, секој со челадта своја, и се населија во градот Хеврон.

45,3-5; 1 Цар 31,11-13; 3 Цар 5,14И дојдоа мажите Јудини и таму го помазаа Давид за цар над Јудиниот дом. Тогаш му јавија на Давид дека жите­лите од Јавеш Галаадски го погребале Саул.

5И Давид испрати гласници до жителите на Јавеш Галаадски да им ка­жат: „Благословени да сте пред Господ, поради тоа што ја направивте таа милост на господарот свој Саул, (пома­заникот Господов), и што сте го погребале (и синот негов Јонатан);

6и Господ нека ве награди со милост и верност; и јас ќе ви направам добро, поради тоа што го направивте вие ова.

7А сега нека се зацврстат рацете ваши и бидете храбри, зашто господарот ваш Саул умре, и домот Јудин ме помаза мене за цар.“

Ишбошет поставен цар на Израил

8 1 Цар 14,50 Но Авенир, син на Нир и началник над Сауловата војска, го зеде Ишбошет, Сауловиот син, го одведе во Маханаим,

9и го постави за цар над Галаад, Ашур и Јизреел, над Ефрем и Вени­ја­мин и над сиот Израил.

101 Цар 13,1А Ишбошет, Сауловиот син, беше на четириесет години, кога се зацари над Израил, и царуваше две години. Са­мо Јудиниот дом остана со Давид.

115,5Давид царуваше во Хеврон над Јудиниот дом, за време од седум години и шест месеци.

Битката помеѓу Јуда и Израил во Гаваон

12Потоа отиде Авенир, Нировиот син, и слугите на Сауловиот син Иш­бошет, од Маханаим во Гаваон.

131 Лет 2,16Излезе и Јоав, синот на Саруја, со Давидовите слуги и се сретнаа кај Гава­онскиот Поток, и застанаа еден од едната страна на потокот, а другиот – од другата страна на потокот.

141 Цар 17,8А Авенир му рече на Јоав: „Нека станат момците и нека се борат пред нас.“ И Јоав рече: „Нека станат.“

15И станаа, та отидоа дванаесет Ве­нијаминци од страната на Ишбошет, Сауловиот син, и дванаесетте Давидови слуги.

16И тие се фатија еден со друг за гла­вите, си забија еден на друг меч во слабините и паднаа заедно. И тоа место беше наречено Хелкат-Цурим, а се наоѓа во Гаваон.

17И во оној ден стана многу жестока борба, а Авенир со израилските луѓе бе­ше победен од Давидовите слуги.

181 Лет 2,16Таму беа тројца синови на Саруја: Јоав, Авеса и Асаил. А Асаил беше со лесни нозе, како срна во полето.

19Асаил почна да го гони Авенира и го гонеше, без да скршне ни десно, ни лево од стапките на Авенир.

20Авенир се сврте назад и рече: „Ти ли си, Асаиле?“ Тој одговори: „Јас сум.“

21И Авенир му рече: „Скршни десно или лево, избери си еден од момците и земи го неговото оружје.“ Но Асаил не сакаше да го остави.

223,27.30И Авенир повторно му рече на Асаил: „Остави ме, да не те соборам на земја; со какво лице тогаш ќе се јавам пред братот твој Јоав?“

23Но оној не сакаше да отстапи. Тогаш Авенир го сврте копјето и го прободе во стомакот; копјето мина низ него, и тој падна таму и умре на местото. Сите што минуваа низ тоа место, каде што беше паднал и умрел Асаил, застануваа.

24Јоав и Авеса го гонеа Авенир. Сонцето веќе беше зајдено кога стигнаа до ридот Ама, спроти Гијах, на патот за Гаваонската пустина.

25А Венијаминовите синови се собраа околу Авенир и образуваа чета и застанаа на врвот од еден рид.

26И Авенир извика кон Јоав и рече: „Вечно ли меч ќе нѐ проголтува? Зарем не знаеш, крајот ќе биде горчлив? И кога ќе им кажеш на луѓето да прес­танат да ги гонат браќата свои?“

27А Јоав рече: „Се колнам во Бога! Ако ти не проговореше, луѓето без престанок ќе ги гонеа браќата свои сѐ до изутрината.“

28И Јоав затруби со труба и сиот на­род застана, и повеќе не ги гонеа Из­раилците; битката престана.

29Авенир, пак, и луѓето негови врвеа преку полето целата ноќ, го преминаа Јордан, минаа преку целиот Битрон и стигнаа во Маханаим.

30Се врати и Јоав од гонењето на Аве­нир и го собра сиот народ, а од Давидовите слуги, освен Асаил, недос­тигаа деветнаесет души.

31А Давидовите слуги убија од Вени­јаминовите и Авенировите луѓе, триста и шеесет души.

32И го зедоа Асаил и го погребаа во Витлеем, во гробот на татко му. А Јоав со луѓето свои одеше цела ноќ и во зорите стигна во Хеврон.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help