Сирахова 29 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Давањето заем носи незгоди

1 Пс 36,21.26; Мт 5,42 Кој зајмува – пројавува милост спрема ближниот свој; кој му по­мага – заповедите ги извршува.

25 Мојс 15,8Заем давај му на ближниот свој; на­време враќај му што ти позајмил.

3Чесно пази го зборот свој и биди ве­рен – и секогаш ќе најдеш сѐ што ти треба.

48,12Многумина заемот го сметаат како придобивка; со тоа ги огорчуваат оние што им помагале.

5Рака целива додека не добие; заради парите на ближниот понизно зборува;

6денот на враќањето го одлага тој; се оплакува и вината на тешки времиња ја фрла.

7А ако може, половина ќе врати; и тоа како придобивка ќе му го смета;

8ако пак не може, заемодавецот го лишил од парите и непотребно во него непријател добил.

9Тој ќе му плати со клетви и на­вреди, а место почест – понижување ќе му врати.

10Токму поради тоа многумина не са­каат заем да даваат; се пазат попусто загуба да не претрпат.

Давањето на сиромашните полза донесува

11 3,30; 7,32-36; Тов 12,8-9 Но ти кон понизниот милостив биди, не оставај го предолго да чека.

125 Мојс 15,11Заради Божјата заповед на сирома­виот помогни му; ако нешто му треба, со празни раце не оставај го.

13Мт 6,19-20; Јк 5,3Подобро е парите да ги фрлаш за братот и пријателот, отколку да про­па­ѓаат и да гнијат под камен.

14Тов 4,9-11; Лк 16,9Богатството твое употребувај го според заповедите на Севишниот; то­гаш тоа ќе ти донесе поголема полза и од самото злато.

15Вложи ја милостината во својата ризница и таа ќе те избави од секоја не­волја.

16Подобро ќе те штити од неприја­те­лот твој, отколку тешкиот штит и ос­трото копје.

За застапниците

17 8,13; Изреки 6,1 Добриот човек ќе се застапува за ближниот свој, а оној што изгубил чув­ство за срам – ќе го остави.

18Изреки 20,16; 27,13Не заборавај ги добрите дела на оној што се застапил за тебе; душата своја тој за тебе ја дал.

19Грешникот не се грижи за застапникот свој, неблагодарниот го заборава избавителот свој.

20Застапувањето за други уништило многу богати луѓе; како бранови мор­ски ги разнело;

21богати луѓе изгонило од нивните домови; тие скитале меѓу други народи.

22Грешник, кој станува застапник, барајќи придобивка, по судови оди.

23На ближниот помогни му колку што можеш, но внимавај и ти да не про­паднеш.

Чувај се да не зависиш од другите

24 39,26; 1 Тим 6,8 Главните потреби за живот се: во­дата, лебот, облеката и куќа срамотијата да ја покрие.

25Подобро е да живееш сиромашно во дрвена колиба, отколку во туѓа куќа раскошно да се гостиш.

26Фил 4,11-12; Евр 13,5Биди задоволен и со малку и со многу и нема да слушаш укори од до­машните.

27Изреки 27,8Тешко е да одиш од куќа во куќа; каде и да се сместиш – не смееш уста да отвориш;

28ќе гоштеваш со јадење и пиење, и благодарност ќе немаш; па дури навреден ќе бидеш, и ќе чуеш:

29„Дојди туѓинецу, трпеза приготви; ако имаш нешто, дај ни – нахрани нѐ“ или:

30Лк 14,8-9„Туѓинецу, оди си, братот мој на гости ми доаѓа; куќата ми треба.“

31За разумен човек тежок е укорот за дадениот потслон – во куќа и префрлување за направена услуга.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help