Јоил Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)
ВоведЈоил бил пророк во Израил. Не се знае точно кога живеел, но се претпоставува дека живеел во четвртиот или петтиот век пр. Христос, во времето на Персиската империја. Во негово време роеви скакулци ги пустошеле земјоделските насади. Јоил му напоменувал на народот дека тоа му е казна од Господ. Понатаму, Јоил ја употребил ситуацијата со скакулците за да им објави на Израилците дека вистинска армија ќе го нападне Израил. Ако народот се покае за своите гревови, Господ ќе им се смилува, ќе им прости и повторно ќе ги благослови. Забележително е ветувањето дека Господ ќе Го прати Својот дух на сите луѓе: на мажи и жени, на млади и стари.Јоил го предупредувал народот дека пустошењето од скакулците е ништо во споредба со Судниот Ден пред Господ. Тогаш Господ ќе ги казни сите народи, за сите нивни неправди кон Неговиот народ.