1 2,10 Чујте го овој збор, што го кажа Господ против вас, синови на Израил, против целото племе, кое го изведов од земјата египетска, велејќи:
25 Мојс 7,6-8; Мт 11,20-24само вас ве признав од сите земни племиња, поради тоа и ќе ве казнам поради сите ваши беззаконија.
Дело на пророк3Тргнуваат ли двајца заедно, ако не се договорат меѓу себе?
4Ис 5,29Рика ли лав во гора, кога нема пред него плен? Пушта ли глас лавче од својата пештера, ако ништо не уловило во неа?
5Паѓа ли птица во мрежа на земја, кога нема мрежа за неа? Ќе се подигне ли од земјата стапица, ако не се фати ништо во неа?
6Ис 45,7; Ез 33,5; Ос 5,8; Јоил 2,1Труби ли труба во град, а народот да не се уплаши? Се случува ли во градот зло, што не го дозволил Господ?
71 Мојс 18,17; Ер 7,25; Откр 10,7Зашто Господ Бог не прави ништо додека не им ја открие тајната Своја на Своите слуги – пророците.
87,14-15; Ер 20,7-9; Дела 4,20; Откр 10,3Кога ќе зарика лав, кој нема да се исплаши? Господ Бог зборува – кој нема да пророкува?
Суд за Самарија9 2,6-8; 4,1; 6,1; Соф 3,8 Прогласете од тврдините на Ашдод и од покривите на земјата египетска и кажете: соберете се по горите на Самарија и погледајте го големото бесчестие во неа и насилствата во неа.
10Ер 4,22; Авак 1,3Тие не знаат да постапуваат справедливо, вели Господ: со насилие и грабеж собираат добра во дворците свои.
114 Цар 17,3-6Затоа, вака вели Господ Бог: еве, непријателот ќе ја опколи земјата, одбраната ќе ти ја разбие и дворците твои ќе бидат ограбени.
121 Мојс 31,39; 2 Мојс 22,13Така вели Господ – како што понекогаш пастирот истргнува од лавовска уста две нозе или дел од увото, така ќе бидат спасени синовите Израилеви, кои сега седат во Самарија во аголот на постелата своја и во Дамаск на леглото свое.
Жртвениците во Ветил13Слушајте и бидете сведоци против домот на Јаков, вели Господ Бог Саваот.
142 Мојс 27,2; 3 Цар 12,29-30; 13,1-5; Ез 43,15Зашто во оној ден, кога ќе го казнам Израил за престапите негови, ќе го казнам и за жртвениците во Ветил; ќе бидат отсечени роговите на жртвеникот и тие ќе паднат на земја.
155,11; 6,11; 3 Цар 22,39Ќе го поразам зимскиот дом заедно со летниот дом, и ќе исчезнат домовите со украси од слонова коска, ќе снема многу домови, вели Господ.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
