Даниил Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)
ВоведУште во својата младост Даниил бил заробен од Вавилонците при падот на Ерусалим и одведен во ропство. Книгата на пророкот Даниил може да се подели на два дела.Во првиот дел (1–6 глава) се опишуваат доживувањата на младите Јудејци, откако зазеле видни места во вавилонската власт. Опишана е нивната верност кон Господ, дури и по цена на загрозување на нивниот живот. Овој дел завршува со извештај за позицијата на Даниил во Мидиско-Персиското царство, кое претходно ги поразило Вавилонците.Во вториот дел (7–12 глава) Даниил опишува неколку виденија што тој ги имал и објаснувањето за нив дадено од ангелите.Книгата, меѓу другото, има за цел да покаже дека Господ ги контролира случките низ историјата; дека се грижи и за поединците, кога тие Му се верни и дека еден ден ќе воспостави целосна правда во светот и победа на Неговиот верен народ.