Откровение 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Отворање на првите шест печати

1И видов кога Јагнето скрши еден од седумте печати, и чув едно од чети­рите животни кое проговори како со глас на грмотевица: „Дојди и види!“

219,11; Зах 1,8-10; 6,1-3И видов, ете, бел коњ, и на него ја­вач со лак; и Му беше даден венец, и тој излезе како победник, за да победи.

3А кога го извади вториот печат, го чув како проговори второто животно: „Дојди и гледај!“

4Ез 21,13-15И излезе друг коњ, црвен; и на јавачот му беше дадено да го одземе мирот од земјата, та еден со друг да се убиваат; и му беше даден голем меч.

5Зах 6,2А кога се отвори третиот печат, чув како проговори третото животно: „Дојди и види!“ И видов, ете вран коњ, а на него јавач со мерила во раката своја.

6И чув глас сред четирите животни, кој зборуваше: „Шиник пченица за де­нариј, и три шиника јачмен за денариј; а растителното масло и виното ќе ги нема!“

7И кога се раскрши четвртиот печат, го чув гласот на четвртото животно кое рече: „Дојди и гледај!“

81,18; Ер 14,12; 15,3; Ез 5,12.17; Ос 13,14И видов. И ете сив коњ, а на него јавач, чие име беше смрт; и адот врвеше по него, и му се даде власт над четвртина од земјата – да убива со меч и глад, со помор и земни ѕверови.

920,4А кога го симна петтиот печат, под жртвеникот ги видов душите заклани заради словото Божјо и за сведоштвото, што го имаа

1011,18; 18,20; 19,2; 5 Мојс 32,43; 4 Цар 9,7; Зах 1,12; Пс 78,10; Лк 18,7и викаа со висок глас, велејќи: „До кога, Севишен, свети и вистинити, нема да судиш и да им се одмаздуваш за на­шата крв на оние што живеат на земјата?“

113,5.18И на секого од нив им се дадоа бели облеки, и им се рече да починат уште малку време, додека не се дополни бројот на нивните сотрудници и браќа, што ќе бидат убиени, како и тие.

12Ис 13,10; 50,3; Јоил 3,3; Мт 24,29; Дела 2,20

8,12; Јоил 2,10; Мт 24,29И видов, кога се крена шестиот печат. И, ете, настана голем земјотрес, и сонцето стана црно како вреќа од кострет, и месечината стана како крв;

13Ис 34,4ѕвездите, пак, небесни паднаа на земјата, како што смоквата лулана од силен ветар, ги исфрла пупките свои;

1416,20и небото исчезна како свиткана хар­тија, и секоја гора и секој остров се по­местија од местата свои;

15Ис 2,10.19.21; Ер 4,29и царевите земни, и благородни­ци­те, и богатите, и војводите, и силните, и секој роб и слободен се скрија во пеш­те­ри и горски камењари,

164,2; Ис 2,10.19; Ос 10,8; Лк 23,30велејќи им на планините и на кар­пите: „Паднете врз нас и скријте нѐ од лицето на Оној Кој седи на престолот и од гневот на Јагнето,

17Јоил 2,1.11; 3,4; Мал 3,2; Рим 2,5зашто дојде големиот ден на Не­го­виот гнев, и кој може да опстане?“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help