Исаија 47 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Паѓањето на Вавилон

1 13,19; 48,14.20; Ер 48,18; Плач 1,1 Слези и седни во прав, о, девице, ќерко вавилонска; седни на земја: престол нема, ќерко халдејска, и во ид­нина нема да те нарекуваат нежна и ми­лолика.

2Земи млин и мели брашно; симни го превезот, засукај ракави, разголи ги но­зете, гази преку река:

364,4; Ер 13,22.26; Ос 2,3; Плач 1,8твојата голотија ќе се открие, и ќе се види твојата срамотија. Ќе се одмаздам и никој нема од тоа да Ме одврати.

441,14; 43,3; 44,6; 49,26; 51,15; Ер 50,34Нашиот Избавител – името Му е Јахве Саваот – Светецот Израилев.

5Седи молкум и прибери се во темнината, ќерко халдејска, зашто во иднина нема да те нарекуваат господарка на царствата.

610,6; 42,24; 43,28; 54,8-9; 5 Мојс 4,20; Зах 1,15; Плач 2,21Јас се разгневив на Својот народ, и го предадов наследството Свое, што го оскверни ти, во твои раце; а ти не им покажа милост, на старците им го стави најтешкото твое иго.

742,25; 5 Мојс 32,28-29; Плач 1,9И си велеше: „Вечно ќе бидам госпо­дарка“, и на ум не го ставаше ова, не по­мислуваше што ќе стане потоа.

845,6; Соф 2,15; Откр 18,7Но сега ислушај го ова, ти, развратнице, која живееш безгрижно, која се­диш и велиш во срцето: „Јас сум, и нема друга како мене: нема да останам вдо­вица, ниту ќе осиромашам.“

951,19; 54,1-6; Откр 18,23Но ненадејно, во еден ден, ќе те снај­де и едното и другото – загубата на де­цата и вдовството; во полна мера ќе те снајдат тие, при сето множество на тво­ите баења и големата сила на твоите маѓии.

10Ез 8,12; Пс 9,31; 94,7Зашто ти се надеваше на своето лу­кавство и велеше: „Никој не ме гледа.“ Твојата мудрост и твоето знаење – тие те заведоа од патот, а ти си велеше во срцето свое: „Јас – и никој друг!“

11Ќе дојде на тебе зло: нема да знаеш, од каде доаѓа тоа; ќе те снајде беда, која не ќе можеш да ја отфрлиш; и ненадеј­но ќе те стигне погибел, за која и не мислиш.

128,19; 44,9; Откр 18,23Стој си, пак, со твоите маѓии и со многуте баења, со кои си се занимавала од млади години: можеби – ќе си по­мог­неш, можеби – страв ќе предизвикаш.

13Ти си уморна од многу совети; нека излезат оние, што го набљудуваат не­бо­то, ѕвездобројачите и претскажувачите по новомесечијата, нека те спасат од она, што треба да ти се случи.

145,24; 44,16; 2 Мојс 15,7; Наум 1,10; Мал 3,19Ете, тие се како слама: оган ќе ги изгори; не ја спасија душата своја од пламенот; не остана јаглен да се погрее некој, ниту оган, за да се поседи крај него.

1545,20Такви ќе бидат оние, со кои соработуваше, со кои си тргувала од млади го­дини. Секој талка по својот пат; никој не ќе може да те спаси.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help