Изреки 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 15,10; Сир 4,17-19 Кој ја сака поуката, го сака знаењето; а кој го мрази изобли­чу­ва­њето – неразумен е.

26,18; 8,35Добриот добива благодат од Господ, а на подмолниот Тој ќе му суди.

310,25Човек нема да се зацврсти со беззаконие; а коренот на праведните е неподвижен.

431,11; Сир 26,13-27; 1 Кор 11,7Добродетелна жена е венец за ма­жот свој, а онаа, што го срамоти, е како гнилеж во коските негови.

512,20Мислите на праведните се правда, а плановите на безбожниците – подмолност.

614,3Зборовите на нечестивите се заседа за пролевање крв, а устата на праведните ги спасува.

710,25; Мт 7,24-27Каде и да се свртат нечестивите – из­чезнуваат, а домот на праведните оста­нува.

816,22Човекот го фалат според разумот негов, а развратниот по срце ќе биде презрен.

925,16.27Подобро да си мал, но да работиш за себеси, отколку да се правиш големец, а да немаш леб.

1027,23; 5 Мојс 25,4; Сир 7,22Праведникот се грижи и за животот на добитокот свој, а срцето на без­бож­никот е жестоко.

1128,19Кој ја обработува земјата своја, ќе се наситува со леб; а кој оди по стапки­те на безработниците, неразумен е.

11а На кој му е слатко по вино време да губи, тој во престапите свои бес­чес­тие ќе остави.

1210,32; 11,9; 21,10.26Желбата на грешникот е стапица од зло; но коренот на праведниците дава плод.

1311,8; 18,7; 21,23Нечесниот се фаќа во мрежа преку гревовите на устата своја; но праведни­от ќе се спаси од неа.

13а Кој гледа кротко, ќе биде помилуван, а кој оди наспроти вратата, ќе си ја наскрби душата.

1413,2; 18,20Од плодот на устата своја човекот се наситува со добро, и на човек му се дава според делата на неговите раце.

1514,12; 16,2; 21,2Патот на неразумниот му се чини прав во неговите очи; но кој слуша со­вет, тој е мудар.

1619,11; 29,11Глупавиот веднаш ќе го покаже гневот свој, а благоразумниот ја смирува лутината своја.

176,19; 14,5Кој го кажува она што го знае, тој говори правда, а лажниот сведок говори измама.

1811,9; 15,2Празнословецот ранува како меч, а јазикот на мудрите лекува.

1910,31; 21,6Праведната уста вечно живее, а лажливиот јазик – само еден миг.

2012,5Во срцето на оние што мислат зло, има подмолност, а кај миротворците – радост.

2114,14Праведниот нема да го достаса ни­какво зло, а безбожниците ќе бидат преполни со зло.

226,17; 11,20Лажливата уста е одвратност пред Господ, а кој говори вистина, благоугоден Му е Нему.

2313,16; 15,2; Сир 21,12-28Расудлив човек го прикрива знае­њето свое, а срцето на глупавите го раз­гла­сува своето безумие.

2410,4; 13,4; 22,7Раката на работливите ќе господа­ри, а мрзливоста води во ропство.

2515,13; 17,22Тагата во срцето го притиска чове­кот, а добриот збор го развеселува.

2610,17; 19,27Праведниот му го покажува патот на ближниот свој, а патот на нечести­ви­те ги води во заблуда.

2710,4; 13,4Мрзливиот својот лов не го пече; а трудољубивоста е големо богатство.

2811,19По патот на правдата има живот, и во нејзината патека нема смрт.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help