1 Мт 5,48; 1 Кор 11,1 И така, угледајте се на Бога, како чеда возљубени,
22 Мојс 29,18; Ез 20,41; Рим 14,15; Гал 2,20; Фил 4,18; Евр 10,10и живејте во љубов, како што и Христос ве возљуби и за нас се предаде Себеси како принос и жртва на Бога за пријатен мирис.
3Кол 3,5.8А блудство и секаква нечистота или, пак, користољубивост воопшто да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на светии,
44,29; Кол 3,15ниту, пак, срамни и будалести зборови или двосмислени приказни, што се неприлични, туку само благодарност.
5Зашто ова треба да го знаете: дека ниеден блудник, или нечист, или користољубец – кој е идолопоклоник, нема дел во царството на Христос и Бог.
64,14; Рим 1,18; Кол 2,4.8; 3,6Никој да не се мами со празни зборови; зашто поради нив доаѓа гневот Божји врз синовите на непокорноста;
7затоа, не станувајте нивни соучесници.
82,11.13; Лк 16,8; Јн 12,36; 2 Кор 4,6; 1 Птр 2,9Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господ: живејте како деца на светлината!
9Гал 5,22Зашто плодот на светлината се состои во сѐ што е добро, праведно и вистинито –
10Рим 12,2одлучете се за она што Му е мило на Бога!
11Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги!
12Зашто за она што го прават скришум, срамно е и да се зборува.
13Јн 3,20-21А сѐ што е изобличено, светлината го прави јавно; бидејќи сѐ што е јавно, светлина е.
14Ис 26,19; 51,17; 52,1; Рим 13,11; Евр 10,32Затоа е речено: „Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!“
15Па така, внимавајте добро како живеете! Не како безумни, туку како мудри;
16Амос 5,13; 1 Кор 7,26.31ползувајте го времето, зашто дните се лукави.
17Рим 12,2; Кол 1,9Затоа немојте да бидете неразумни, туку распознајте што е волјата Божја!
18Изреки 23,31И не опивајте се со вино, во него има разврат, но исполнете се со Дух.
19Пс 32,2-3; Кол 1,3; 3,16Разговарајте меѓу себе со псалми и славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господа во срцата ваши;
20Кол 3,17благодарејќи Му секогаш за сѐ на Бога и Отецот, во името на нашиот Господ Исус Христос;
Жени и мажи21 1 Птр 5,5 покорувајте се еден на друг во страхопочит Божји.
221 Мојс 3,16; Кол 3,18; 1 Птр 3,1Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господ,
231,22-23; 1 Кор 11,3зашто мажот е глава на жената, како што е и Христос глава на Црквата, и Тој е Спасител на телото.
24Па, како што Црквата Му се покорува на Христос, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во сѐ.
25Евр 10,10.14; 13,12
Кол 3,19; 1 Птр 3,7Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што Христос ја засака Црквата и се предаде Себе за неа,26за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото;
271,4; Песна 4,7; 2 Кор 11,2; Кол 1,22та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернување, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна.
28И така, мажите се должни да ги сакаат жените свои како што ги сакаат своите тела; зашто, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси.
29Зашто никој никогаш не го намразил телото свое, туку го храни и го стоплува, како и Господ Црквата,
30Рим 12,5; 1 Кор 6,15; 12,27бидејќи ние сме делови на Неговото тело, од Неговото тело и коските Негови.
311 Мојс 2,24; Мт 19,5; Мк 10,7-8; 1 Кор 6,16„Поради тоа, човекот ќе го остави својот татко и мајката своја, и ќе се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат едно тело.“
32Оваа тајна е голема. Но јас ви зборувам за Христос и за Црквата.
33И така, секој од вас да си ја сака жената своја, како што се сака самиот себе, а жената да го почитува мажот свој.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.