Послание на Еремија Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)
ВоведОваа кратка литературна творба, која понекогаш ѝ се додава на книгата Варух како нејзина шеста глава, претставува послание упатено од пророкот Еремија кон оние што заминувале за Вавилон. Меѓутоа, атрибуцијата на оваа творба кон творештвото на пророкот Еремија ги покренува истите прашања како и оние во врска со атрибуцијата на книгата Варух, како дело на соработникот на Еремија што го носел истото име (6 век пр. Христос). Повеќето истражувачи на Библијата сметаат дека книгата Еремиино послание настанала најверојатно во 2 век пр. Христос. Таа им била упатена, по сѐ изгледа, на неколкуте јудејски општини во Сирија, кои биле изложени на силни репресии од страна на арамејските цареви од династијата на Слевкидите (види го воведот кон Макавејските книги).