1 49,13; 51,12; 52,7-12; 61,2-3 Утешувајте го, утешувајте го Мојот народ, вели вашиот Бог;
233,24; 2 Мојс 22,4-9; Ер 16,18; Плач 4,22говорете му нежно на Ерусалим, и известете го дека времето на неговата казна се исполни дека за неправдата му е платено зашто од раката Господова доби двојно за сите свои гревови.
3Мал 3,1.23-24; Сир 48,10; Мт 3,3; Лк 1,76Гласот на оној што вика во пустината говори: „Пригответе Му пат на Господ, исправете ги во пустината патеките за нашиот Бог;
445,2; 49,11; Варух 5,7; Лк 3,4-6секој дол да се исполни, секоја планина и рид да се снизат; кривините да се исправат, и нерамните патишта да бидат израмнети;
51,20; 35,2; 60,1; 2 Мојс 24,16; Пс 96,6; Јн 1,14и ќе се јави славата Господова, и сите луѓе ќе го видат спасението од Бога; зашто устата Господова го изрече тоа.“
6Пс 102,15; 1 Птр 1,24-25Гласот говореше: „Разгласувај!“ и прашав: „Што да разгласувам?“ – „Секој човек е трева, сета убавина негова е како полско цвеќе.
751,12; Јов 14,2; Јк 1,10-11Тревата се исушува, цвеќето овенува, штом ќе дувне врз него здивот на Господ: така е и народот како трева.
8Пс 118,89; Мт 24,35; Јн 1,1Тревата се суши, цвеќето свенува, а словото на нашиот Бог останува вечно.“
Бог е овде9 35,4; 52,7; Јн 12,15 Искачи се на високата гора Сион, ти кој јавуваш добри вести за Сион, извиши го силно гласот свој, благоизвестителе Ерусалиме, подигни го, не плаши се. Кажи им на градовите Јудини: еве Го вашиот Бог!
1052,10; 62,11; Пс 76,15; Откр 22,12Ете, Господ Бог иде со сила и раката Негова е со власт. Ете, наградата Му е со Него, а отплатата Му е пред лицето Негово.
115 Мојс 32,11; Ер 31,10; Ез 34,12; Лк 15,5Како пастир ќе го пасе Тој стадото Свое: јагнињата ќе ги земе Тој во рацете и ќе ги носи на градите Свои, и грижливо ќе ги води доилките.
Кој е како Бог?12 Јов 28,23-27; 38,4-5; Изреки 30,4; Мудр 11,20 Кој ги измерил водите со раката своја и со педа го измерил небото, и со мерка го измерил правот земен, кој ги измерил на терезија планините и ридовите?
13Јов 15,8; Сир 42,21; Рим 11,34; 1 Кор 2,16Кој го упатил Духот на Господ, и Му бил Нему советник и Го учел?
14Ер 23,18; Јов 21,22Со кого се советувал Тој, и кој Го вразумувал и Го поучувал во патот на правдата, и Го учел на знаење и Му го покажувал патот на мудроста?
15Пс 61,9; Мудр 11,22; Сир 10,16-17Ете, народите се како капка од ведро, и претставуваат прашинка на терезија. Ете, островите Тој ги подига како прашинки.
16Ни Ливан не стигнува за жртвен оган, ни животните по него – за сепаленица.
1741,12; Дан 4,32Сите народи пред Него се како ништо, – за Него се помалку од ништо, и помалку се од суетата.
1846,5; Дела 17,29И така, со кого ќе Го споредите Бога, и каква подобност ќе Му најдете?
1941,6-7; 44,9-20; Ер 10,1-16; 51,15-19; Пс 114,3-8; Посл 1,45Уметникот го излева идолот, а златарот го покрива со злато и му додава сребрени веришки.
20Мудр 13,11-19А кој е сиромав и нема што да му принесе, тој избира дрво, кое не гние, па бара искусен уметник за да направи идол, што ќе стои неподвижен.
Господ владее21 Рим 1,20 Зар не знаете? Зар не сте слушале? Зар не ви е зборувано во почетокот? Зар не сте го разбрале тоа од основањето на земјата?
2244,24; 4 Мојс 13,34; Пс 103,2; Јов 26,7Тој е Оној, Кој седи над кругот на земјата, а оние, што живеат на неа, се како скакулци пред Него; Тој ги распослал небесата како тенко платно и ги распнал како шатор за живеење.
2329,14; Пс 2,2-5; Јов 12,17; 34,18-20Тој ги претвора кнезовите во ништо, судиите земни ги прави да бидат ништожни.
2417,13; 41,2; Пс 82,13Одвај посадени, одвај посеани, одвај се закоренил во земјата стракот нивни, штом Тој ќе дувне врз нив, тие се исушуваат; виорот ги однесува како плева.
2545,5; 46,5„Со кого ќе Ме изедначите и со кого ќе Ме споредите?“ – вели Светецот.
26Пс 146,4; Јов 25,3; Сир 43,10; Варух 3,34-35Кренете ги очите свои кон висините небесни и погледнете, кој ги создал? Кој го пресметал бројот на војската нивна? Тој сите нив ги нарекува по име: поради големата моќ и големата сила во Него ништо не недостига.
Господ дава сила27 49,4.14-16 А како говориш ти, Јакове, и велиш, Израиле: „Патот ми е сокриен од Господ, делото мое е заборавено пред мојот Бог?“
281 Мојс 21,33; Пс 146,5; Рим 11,34Зар не знаеш? Зар не си слушал дека вечниот Бог, Кој ги создал краиштата на земјата, не се изморува и не изнемоштува; Неговиот разум е неиспитлив.
29Тој му дава сила на уморениот и му дарува јачина на изнемоштениот.
30Амос 2,14Се уморуваат и момчињата и ослабуваат, и млади луѓе паѓаат,
312 Цар 1,23; Пс 102,5а оние кои се надеваат на Господ, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.