2 Царства 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Баана и Рихав го убиваат Ишбошет

1 3,27; Ис 35,3; Ер 6,24; 47,3; 50,43; Јов 4,3 Сауловиот син Ишбошет, откако слушна дека Авенир умрел во Хе­врон, му отпаднаа рацете, и целиот Из­раил се вознемири.

2Сауловиот син имаше двајца воени началници: едниот се викаше Баана, а другиот – Рихав, синови на Бееротеецот Римон, од Венијаминовите потомци, би­дејќи и Беерот се вбројуваше кон Вени­јамин.

3Неем 11,33И Бееротејците избегаа во Гитаим и таму останаа да живеат како туѓинци до денес.

49,3.6; 16,1-4; 19,25-31Јонатан, Сауловиот син, имаше куц син. Синот беше на пет години, кога од Израил дојде известување за Саул и Јо­натан, а доилката, го зела, и избегала. Бидејќи таа бегала брзо, тој паднал и останал сакат. Името му беше Мем­фивостеј.

52,8И синовите на Бееротеецот Римон, Рихав и Баана тргнаа и стигнаа по најголемата дневна горештина до куќата на Ишбошет, кој спиеше попладне во леглото свое.

6(А вратарот на куќата, кој чистеше пченица, беше задремал и заспал); Ри­хав и братот негов Баана влегоа во ку­ќата, небаре да земат пченица, го прободоа во стомакот и избегаа.

7Кога тие влегоа во куќата, тој леже­ше на леглото свое, во својата спална; тие го удрија и го убија; ја пресекоа главата негова, ја зедоа со себе и цела ноќ одеа по пустинскиот пат;

81 Цар 19,10-11; 23,15; 24,12; 25,29му ја донесоа на Давид во Хеврон главата на Ишбошет и му рекоа на ца­рот: „Еве ја главата на Ишбошет, синот на Саул, кој ја бараше душата твоја; сега Господ се одмазди за мојот господар на царот Саул, твојот непријател, и на потомството негово.“

91 Цар 26,24; 3 Цар 1,29Давид му одговори на Рихав и на братот негов Баана, синови на Бееро­теецот Римон, и им рече: „Се колнам во Господ, Кој ја спаси душата моја од секаква жалост,

101,2-16дека ако тогаш, кој ми донесе известување, велејќи: ‚Ете, умреа Саул и Јо­натан‘, и кој се мислеше за радосен из­вестител, јас го фатив и го убив во Ци­клаг, наместо да му дадам награда,

111 Мојс 9,5-6така и сега, кога никаквеци убија невин човек во куќата негова, во неговото легло, зарем нема да ја побарам крвта негова од вашата рака и нема да ве истребам од земјата?“

121,15; 3,32И Давид им заповеда на слугите, и тие ги убија, им ги пресекоа рацете и нозете нивни и ги обесија крај базенот за вода во Хеврон. А главата на Ишбошет ја зедоа и ја погребаа во гробот на Авенир во Хеврон.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help