Рута 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Рута пабирчи на нивите на Вооз

1Ноемина имаше роднина по мажот, човек многу имотен, од родот на Елимелех, по име Вооз.

23 Мојс 23,22; 5 Мојс 24,19И Моавката Рута ѝ рече на Ное­мина: „Ќе тргнам по нивјето и ќе собирам класје по оној во чии очи ќе најдам милост.“ Таа ѝ одговори: „Оди, ќерко.“

31 Мојс 24,12; 27,20; 1 Цар 6,9; 2 Цар 1,6Таа отиде и почна да собира на една нива класје по жетварите. И се покажа дека таа нива му припаѓа на Вооз, кој беше од родот Елимелехов.

4Суд 6,12; 1 Цар 17,37; 20,13; Пс 128,8И ете, Вооз дојде од Витлеем и им рече на жетварите: „Господ со вас.“ Тие му одговорија: „Нека те благослови Господ!“

5И Вооз го запраша слугата свој, надгледувачот на жетварите: „Чија е онаа млада жена?“

6Слугата надзорник над жетварите, одговори и рече: „Таа млада жена е Мо­авка, дошла со Ноемина од моавските полиња;

7таа ни рече: ‚Оставете ме да берам и да собирам меѓу снопјата по жет­варите‘; дојде и остана тука од ут­ри­ната досега; таа малку останува до­ма.“

8И Вооз ѝ рече на Рута: „Слушај, ќер­ко моја, не оди да собираш на друга нива и не си оди оттука, туку остани со моите слугинки;

9гледај на која нива тие жнеат, и оди со нив; ете јас им заповедав на слугите свои да не ти пречат; кога ќе ожедниш, оди кај садовите и пиј, од каде што црпат слугите мои.“

101 Мојс 17,3; 3 Мојс 9,24; 2 Цар 14,4.22Таа падна ничкум, се поклони до земја и му рече: „Со што заслужив тол­кава милост во твоите очи, па ме при­маш, иако сум туѓинка?“

11Вооз ѝ одговори и ѝ рече: „Ми рекоа за сѐ што си направила за свекрвата своја по смртта на мажот твој дека си оставила татко, мајка и татковина и си дошла меѓу народ кој не си го познавала до вчера и завчера;

125 Мојс 32,11; Пс 16,8; 35,7; 56,1; 60,4; 62,7; 90,4; Мт 23,37; Лк 13,34Господ нека ти возврати за твоето дело, и да добиеш полна награда од Гос­под, Бог Израилев, кај Кого си дошла за да се засолниш под Неговите крилја!“

131 Мојс 50,21; Суд 19,3; Ис 40,1-2; Ос 2,16Таа одговори: „Можеби ќе најдам милост пред очите твои, господаре мој! Ти ме утеши и ѝ зборуваше од срце на робинката своја, макар и да не вредам ни колку една слугинка твоја.“

143 Мојс 23,14; 1 Цар 25,18; 2 Цар 17,28И ѝ рече Вооз: „Кога ќе приближи времето за јадење, дојди тука и јади леб и топи го залакот свој во оцет.“ И таа седна покрај жетварите. Тој ѝ даде леб; таа јадеше, се најаде, и уште ѝ остана.

15И стана да собира класје. Вооз им заповеда на слугите и рече: „Нека собира и меѓу снопјата, и не ја навредувајте;

16дури и од снопјата потфрлувајте и оставајте; нека собира и немојте да ја прекорувате.“

17Така собираше таа на нивата до вечерта и го исчука собраното и тоа даде близу една ефа јачмен.

18Откако го зеде тоа, отиде во градот, и свекрва ѝ виде, колку беше собрала таа. И (го извади Рута од пазувите свои) ѝ го даде она, што ѝ беше останало, откако се беше најала.

192,10И ѝ рече свекрвата: „Каде береше денес и каде работеше? Да биде бла­гословен оној што те примил!“ Рута ѝ кажа на свекрвата своја, кај кого рабо­тела, и рече: „Човекот, кај кого денес работев, се вика Вооз.“

203,9.12; 4,1.8.14И ѝ рече Ноемина на снаата своја: „Нека е благословен од Господ, поради тоа што не ги лиши од милоста своја ниту живите, ниту умрените!“ И ѝ рече Ноемина: „Тој човек ни е близок; тој е наш роднина.“

21Моавката Рута одговори: „Тој дури ми рече – остани кај моите слугинки, додека да ја завршат целата жетва.“

22И ѝ рече Ноемина на снаата Рута: „Добро е, ќерко, тоа што си одела со неговите слугинки, и така барем нема да те задеваат на друга нива.“

23Така се приклучи таа кон Воозо­вите слугинки и собираше класје додека заврши јачменовата жетва и пченич­ната жетва, и живееше со својата свекрва.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help