1Еве, возљубени, како веќе ви го пишувам второто послание во кое со напомнување ви го разбудувам вашиот чист разум
21,18-20; Јуда 1,17за да се потсетите на зборовите, порано кажани од светите пророци, и на заповедта од Господ и Спасителот, дадени преку вашите апостоли.
31,16; 2,1; 2 Сол 2,3-12; 1 Тим 4,1; Јуда 1,18Најнапред знајте го тоа дека во последните дни ќе се јават подигрувачи, кои ќе се подбиваат и ќе живеат според своите похоти.
4Ис 5,19Ќе велат: „Каде е ветувањето на Неговото доаѓање? Зашто, откако татковците наши изумреа, сѐ си стои така како од создавањето на светот.“
51 Мојс 1,6-9Тие намерно забораваат дека небесата и земјата од порано беа создадени од вода и преку вода со силата на Божјото слово,
61 Мојс 7,11-21; Мт 24,38-39; 1 Птр 3,20преку кое, тогашниот свет загина, потопен од вода.
7Мт 3,12; Рим 2,6А сегашните небеса и земјата, пазени од истото слово, се чуваат за оган во денот на судот и погибелта на нечестивите луѓе.
8Пс 89,4Но внимавајте, возљубени, да не го изумите само тоа дека за Господ еден ден е како илјада години, а илјада години – како еден ден.
9Авак 2,3; Сир 35,19; Лк 18,7; Рим 2,4; 1 Тим 2,4Господ нема да задоцни со Своето ветување, како што некои мислат за бавењето; но долго време трпи, бидејќи не сака да загине некој, туку сите да се покаат.
10Мт 24,29.43-45; 1 Сол 5,2; Откр 20,11; 21,1И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќно време; тогаш небесата со голема бучава ќе ги снема, и стихиите ќе пламнат и ќе се разрушат, а земјата, и сѐ што е на неа, ќе изгори.
11И така, бидејќи сето тоа ќе се разруши, каков треба да ви биде вашиот свет живот и побожноста ваша,
12Ис 34,4; Дела 3,19-20додека го очекувате и посакувате скорото доаѓање на Божјиот ден, во кој небесата ќе се разрушат и основите во оган ќе се стопат?
13Ис 60,21; 65,17; 66,22; Рим 8,19; Откр 21,1.7Но ние, според Неговото ветување, очекуваме ново небо и нова земја, на кои ќе се всели правда.
Поттикнување на будност14 Јуда 1,24 Затоа, возљубени, додека го очекувате тоа, погрижете се пред Него да излезете спокојни, неосквернети и непорочни;
15Дела 2,4; 1 Тим 1,15-16и долготрпеливоста на вашиот Господ сметајте ја како спасение – како што ви напиша и возљубениот наш брат Павле, според дадената му мудрост;
16како што зборува за тоа и во сите свои посланија, во кои има некои работи тешки за разбирање, што неучените и неутврдените ги изопачуваат, како и другите Писма, за своја погибел.
17Евр 2,1А вие, возљубени, знаејќи го ова однапред, пазете се од измамата на беззакониците за да не бидете одведени со нив, и да не отпаднете од својата утврденост,
18Рим 16,24; Јуда 1,25туку да напредувате во благодатта и во познанието на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Нему слава и сега и за вечни времиња. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.