Второзаконие 17 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 7,25; 3 Мојс 22,20-25 Не принесувај жртва на Господ, твојот Бог, вол, или овца, кои се повредени, или имаат некаков недостаток, бидејќи тоа е гнасотија пред Господ, твојот Бог.

2Ако се најде кај тебе во еден од градовите твои, што Господ, твојот Бог, ти ги дава, маж или жена, што ќе на­прави зло пред Господ, твојот Бог, и со тоа го престапи заветот Негов,

3па тргне и почне да им служи на други богови, и им се поклонува ним, или на сонцето, или на месечината, или на сето воинство небеско, што е спротивно на моите заповеди,

413,15и ти биде соопштено, и ти провериш добро; па, ако тоа е вистина, ако е на­правена таква гнасотија во Израил,

513,10-11изведете го тој маж, или таа жена, што го направиле тоа зло, пред вратата и убијте ги со камења, за да умрат.

619,15; Евр 10,28Според сведочењето на двајца или тројца сведоци осудениот на смрт треба да се погуби: не смее да се погубува по сведочењето на само еден сведок;

7Јн 8,7; 1 Кор 5,13прво раката на сведоците треба да падне врз него, за да биде убиен, а потоа рацете на целиот народ; така истребете го злото од вашата средина.

За тешките дела да се пресудува во светилиштето

8Ако по некое дело биде тешко за те­бе да пресудиш во врска со некое убиство или ранување, и настане несогласие во твојот суд, стани и оди во местото, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, (за да се призива таму името Негово),

92 Лет 19,8-11и пријди кај свештениците – левити и кај судијата, кој ќе биде во тие денови; прашај ги, и тие ќе ти кажат, како да пресудиш.

10И постапи, онака како што ќе ти кажат на местото што ќе го одбере Господ, и гледај да извршиш сѐ што ќе ти кажат тие;

115,32според законот и според пресудата што ќе ја кажат, постапи така и не отстапувај ни десно ни лево од она, што ќе ти го кажат тие.

1218,5-7А кој ќе постапи дрско, и не ќе го послуша свештеникот, што е таму на служба пред Господ, твојот Бог, или судијата, (што ќе биде во тие денови) тој треба да умре. Така исчистете го злото од Израил;

1313,12па целиот народ ќе чуе, и ќе се уп­лаши, и во иднина нема да постапува дрско.

Правила во врска со кнезот

14 1 Цар 8,5-18 Кога ќе влезеш во земјата, која Гос­под, твојот Бог, ти ја дава, и ја освоиш, и се населиш во неа, и речеш: „Ќе си поставам кнез, како другите соседни народи“ –

15постави си кнез, кого Господ, твојот Бог, ќе го избере, постави си кнез од браќата твои; не смееш да поставиш (за кнез) туѓинец, кој не е твој сонародник.

163 Цар 10,26-29; Ис 31,1-3Но тој да не ги умножува коњите свои и да не праќа луѓе да купуваат во Египет, за да ги умножи коњите свои, бидејќи Господ ви рече: „Не обидувајте се да се вратите веќе по тој пат“;

17и да не ги намножува жените свои, за да не се разврати срцето негово, и да не натрупува сребро и злато прекумерно.

1831,24А кога ќе седне со власт на прес­толот, нека си направи препис на овој закон од книгата, што се наоѓа кај свештениците левити,

194 Цар 23,1-3.25и нека го држи кај себе и нека го чита во сите денови на неговиот живот, за да се научи да се плаши од Господ, својот Бог, и да ги пази и да ги исполнува сите овие заповеди и наредби;

205,32за да не се возгордее срцето негово пред неговите браќа, и да не отстапува од законите ни десно, ни лево, за да ца­рува многу години, тој и синовите не­гови во Израил.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help