1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
2.
92 Мојс 28,2.36Му стави уште на главата и кидар, а на капата спроти лицето му стави златна плочка, знак на светоста, како што му заповеда Господ на Мојсеј.
102 Мојс 26,1; 30,22-33И го зеде Мојсеј маслото за помазание и ја помаза скинијата и сѐ што е во неа, и ја освети.
112 Мојс 30,29И го попрска со него жртвеникот седумпати, и го помаза жртвеникот, и сите работи на него, и мијалникот, и подножјето негово, и ги освети.
122 Мојс 30,30И излеа од маслото за помазание врз главата Аронова, и го помаза и го освети;
132 Мојс 28,4.40; 39,27потоа Мојсеј ги доведе синовите Аронови, им облече хитони, ги опаша со појаси, им стави капи на главите, како што му беше заповедал Господ.
14Потоа го доведе телето како жртва за грев, а Арон и синовите негови ги ставија рацете свои врз главата на телето за грев.
15Ез 43,20-22; Евр 9,21Потоа Мојсеј го закла телето и зеде од крвта негова и со прстот свој стави од неа на роговите од жртвеникот од сите страни, и го очисти жртвеникот, а другата крв ја излеа во подножјето на жртвеникот, и го освети за да се извршува обредот очистување на гревовите пред него.
16Потоа го извади сиот лој што беше на утробата, и кошулката од црниот дроб, како и двата бубрега, и лојот околу нив, и сето тоа го изгоре врз жртвеникот.
17А телето, со кожата негова и месото негово и нечистотијата ги изгоре со оган надвор од логорот како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
18Потоа го доведе овенот како жртва сепаленица, а Арон и синовите негови ги ставија рацете свои врз главата на овенот;
19и Мојсеј го закла и го попрска со крвта негова жртвеникот од сите страни,
20па го исече овенот на делови, и ги изгори Мојсеј главата, и деловите, и лојот;
21а утробата и нозете ги изми со вода, и го изгоре Мојсеј целиот овен на жртвеникот: тоа е жртва сепаленица со пријатен мирис; тоа е принос пред Господ, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
22Потоа го доведе вториот овен – овенот за посветување; и Арон и синовите негови ги ставија рацете свои врз главата на овенот.
23Па, откако го закла, зеде Мојсеј од крвта негова и го помаза со неа крајчето од десното уво на Арон и палецот на десната рака негова, и палецот на десната нога негова.
24Евр 9,18-22Ги доведе Мојсеј и синовите Аронови, па и ним им го помаза со крв крајот од десното уво, палецот на десната рака и палецот на десната нога; а со другата крв Мојсеј го попрска жртвеникот наоколу.
25Потоа ги зеде лојот, опашката и лојот што беше на утробата, кошулката од црниот дроб, како и двата бубрега и лојот околу нив, и десната плешка,
26а од кошницата со бесквасни лебови што е пред Господ зеде еден бесквасен леб, еден леб со масло, како и една питка, па ги стави врз лојот и врз десната плешка.
274 Мојс 5,25И сето тоа му го предаде на Арон в раце и во рацете на синовите негови и го принесе како жртва пред Господ.
28Потоа го зеде тоа Мојсеј од рацете нивни и го изгоре на жртвеникот заедно со жртвата сепаленица; тоа е жртва за посветување со пријатен мирис, принос пред Господ.
29Па ги зеде Мојсеј градите и ги принесе пред Господ; тоа е Мојсеев дел од овенот за посветување, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
302 Мојс 28,1; 28,41-43Потоа зеде Мојсеј од маслото за помазание и од крвта, што беше на жртвеникот, па го попрска Арон и одеждите негови, и синовите негови, и одеждите нивни; и така го освети Арон и одеждите негови, синовите негови и одеждите нивни.
31И му рече Мојсеј на Арон и на синовите негови: „Сварете го ова месо пред влезот во скинијата на собранието, и јадете го таму со лебот што е во кошницата за посветување, како што ми се заповеда и рече, Арон и синовите негови нека го јадат тоа.
32А она, што ќе остане од месото и од лебот, изгорете го со оган.
334 Мојс 19,11; Ез 43,25И не оддалечувајте се од вратата на скинијата на собранието седум дена, додека не се завршат деновите на посветувањето ваше, зашто за седум дена ќе се изврши посветувањето ваше.
34Како што се направи денес, така да се прави секогаш според Господовата заповед, за да се очистите од гревот.
354 Мојс 3,7; 9,19; 5 Мојс 11,1; 3 Цар 2,3; Ез 48,11Затоа пред влезот од скинијата на собранието стојте дење и ноќе седум дена и така запазете ги заповедите Господови, за да не умрете, зашто така ми заповеда (Господ Бог).“
36А Арон и синовите негови направија сѐ онака, како што им беше заповедал Господ преку Мојсеј.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.