Мудрост Соломонова 18 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Огнениот столб

1 2 Мојс 13,17-22 2 Мојс 10,23 А за твоите светии имаше најголема светлина. Оние, слушајќи им го гласот, а не гледајќи го нивниот лик, блажени ги нарекуваа затоа што не страдаа.

2А за она што порано беа навредува­ни од нив и не им се одмаздуваа, им бла­годареа и ги молеа за прошка, што ги присилувале да страдаат.

32 Мојс 14,24; 4 Мојс 14,14; Пс 77,14; 105,39; 121,6Наместо темнина им даде огнен – светол столб, за да им биде водач по не­познатиот пат, благо сонце за среќно патување.

4Ис 2,3.5Египќаните беа заслужиле да бидат лишени од светлината и во темнина да бидат затворени, затоа што ги беа др­жале затворени синовите Твои преку кои, на светот требаше да му се даде вечната светлина на Законот.

Трагичната ноќ и ноќта на спасението

5 2 Мојс 12,29-30; 14,26-31 Откако решија да им ги избијат но­вородените деца на светите луѓе, макар и да спасија едно потфрлено дете, за казна, Ти им одзеде многу деца и нив самите ги погуби во големата вода.

612,21А таа ноќ однапред им беше јавена на нашите предци, та, знаејќи ги ветува­њата во кои веруваа, спокојни да би­дат.

7Твојот народ го очекуваше и спасението на праведните и загинувањето на непријателите,

8зашто она со што ги казнуваше противниците, со тоа истото нѐ прослави нас, повикувајќи нѐ при Себе.

9Тогаш побожните деца на правед­ници­те тајно жртви принесуваа и едно­душно божествен закон уредија: светите луѓе еднакво да учествуваат и во добрини и во опасности. И тогаш ги запеаја светите песни на татковците.

102 Мојс 11,6; 12,30А од спротивната страна се слуша­ше злогласниот вик на непријателите и тажниот лелек над оплакуваните деца.

112 Мојс 11,5; 12,29Со еднаков суд беа казнети и робот и господарот; истото го поднесуваше и простиот човек и царот;

124 Мојс 33,4сите заедно имаа безброј мртовци, умрени од иста смрт; живите беа премалку, за да ги погребат мртвите, зашто само во еден миг загина нивното најмило потомство.

132 Мојс 4,22; 5 Мојс 1,31; Ос 11,1И тие, кои поради делата на нив­ните маѓесници, во ништо не веруваа, кога им загинаа нивните првородени деца, тогаш признаа дека овој народ е син Божји,

14зашто додека тивко молчење исполнуваше сѐ, а ноќта во својот тек беше стигнала до средината,

15од небото слезе, од царските прес­толи – на земјата, предодреден за про­паст, како страшен војник, сесилниот Твој збор.

16Тој носеше остар меч – неизменливата Твоја заповед и, откако застана, исполни сѐ со смрт; тој допираше до небото и одеше по земјата.

17Јов 4,13-15Тогаш одеднаш силно ги исплашија привиденија на ужасни соништа и настана ненадеен страв;

18паѓаа полумртви, еден овде, друг таму, си кажуваа еден на друг зашто умираат,

19зашто соништата, што ги потресоа, однапред им го беа тоа кажале, за да знаат зошто злото ги постигнало.

Застапништвото на Арон во пустината

20 4 Мојс 16,41-50 1 Кор 10,8 Иако смртното искушение и правед­ници допре, та многумина и од нив во пустината загинаа, но тој гнев не потраа долго,

21зашто беспрекорен човек бргу се застапи за нив, вооружен со оружјето на својата служба, со молитва и кадиво за измирување, тој стана против гневот и на маките им стави крај, а со тоа по­кажа дека е слуга Твој;

2212,21; 2 Мојс 32,11-13смртта не ја победи со телесна сила, ниту со силата на оружјето, туку само со зборот свој го победи напасникот, от­како ги спомна клетвите и заветите на предците.

23Зашто, кога веќе со купишта лежеа еден врз друг, тој застана сред нив, го сопре гневот и му го пресече патот кон живите.

24На облеката негова беше целиот свет и имињата славни на предците из­резани беа врз камења во четири реда, а Твоето име – врз дијадемата на главата негова.

25Пред тоа отстапи погубителот и се исплаши од него; само малку го осети гневот Твој, и му беше доволно.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help