Мудрост Соломонова 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Поттик да се прави она што е праведно

1 6,1-11 Пс 44,7; Изреки 8,17; 1 Лет 29,17; 2 Лет 15,2; Мт 6,33 Сакајте ја правдата, судии земни, со праведни мисли мислете на Господ, барајте Го со душевната чистота на сво­ето срце.

2Ис 65,1; Ер 36,14Него Го наоѓаат оние што не Го искушуваат; не им се јавува Тој на оние што не веруваат во Него.

3Зашто лажните умувања оддале­чу­ваат од Бога, а искушувањето на Него­вата сила ги посрамува безумниците.

4Рим 7,24; 8,2Во лукава душа мудрост нема да влезе и нема да престојува во тело што му робува на гревот;

5Рим 9,14зашто Светиот Дух на мудроста бега од лукавството, се отстранува од нера­зумни умувања и се засрамува од не­правдата што се приближува.

67,23; Ер 11,20; Изреки 8,31; Тит 3,4Човекољубивиот дух е мудрост; нема да го остави неказнет оној што богохулствува со својата уста, зашто Бог е сведок на неговите внатрешни чувства, вистински надзорник на неговото срце и слушател на неговиот јазик.

7Пс 138,7-12; Изреки 22,12; Сир 39,19Духот на Господ ја исполнува целата вселена и, бидејќи обзема сѐ, го знае секој збор.

811,20Затоа ниту еден што говори непра­ведно, нема да се сокрие; праведната од­мазда нема да го одмине.

9Зашто помислите на безбожникот ќе бидат проверени и зборовите негови ќе бидат пред Господ, за да бидат изо­бли­чени неговите беззаконија.

105 Мојс 29,20Зашто увото на љубомората слуша сѐ, нема да се сокрие ни гласот на него­ду­вањето.

112 Мојс 15,24; Пс 77,19Затоа пазете се од некорисното не­годување, и поштедете го јазикот свој од лоши зборови; зашто ни тајниот збор нема да помине неказнет, а устата што клевети ја убива душата.

12Изреки 8,36Не забрзувајте ја смртта со заблуди­те на животот свој; не навлекувајте си пропаст со делата на вашите раце.

132,23-24; 11,23–12,1; Ез 18,23; 33,11; 3 Езд 8,59Бог не ја создал смртта и не ѝ се ра­дува на пропаста на живите;

14Тој создал сѐ за да живее и сѐ што е во светот е спасоносно; во Него нема отров смртоносен, нема пеколот да вла­дее на земјата.

153,4Правдата е бесмртна. А неправдата предизвикува смрт.

Размислувањата на безбожниците

16 Ис 28,15; Изреки 8,36; Сир 14,12 А, пак, безбожниците ја повикуваат смртта и со раце и со зборови, ја сме­та­ат за пријателка и за неа гинат: со неа сојуз склучуваат, зашто се достојни да бидат нејзин дел.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help