1 12,15; 4 Мојс 14,31 Да внимаваме пак, додека уште ни е оставено ветувањето за влегување во Неговиот спокој, да не би се открило дека некој од вас би можел да задоцни.
2Рим 10,16-17; Гал 5,2; 1 Сол 2,13Зашто и нам ни се соопшти, како и ним. Но словото, што го беа чуле, не им донесе полза, бидејќи оние што го беа чуле не поверуваа.
33,11; Пс 94,11А ние, кои поверувавме, влегуваме во Неговиот спокој, како што рекол Тој: „Затоа се заколнав во гневот Свој дека тие нема да влезат во Мојот спокој“, иако Неговите дела беа завршени уште при создавањето на светот.
41 Мојс 2,2; 2 Мојс 20,11Зашто негде за седмиот ден е речено вака: „И во седмиот ден Бог се одмори од сите Свои дела.“
5Пс 94,11И на тоа место пак: „Не ќе влезат во спокојот Мој.“
63,18-19И така, на некои им се отвори да влезат во него, а оние, на кои им беше порано проповедано Евангелието, не влегоа поради непослушност.
73,7.8.15; Пс 94,7-8Затоа Тој пак определи еден ден „Денес“, велејќи преку Давид, по толку време, како што е речено погоре: „Денес, кога ќе го чуете гласот Негов, не стврднувајте ги срцата ваши.“
85 Мојс 31,7; Ис.Н. 22,4Зашто, ако Исус Навин им беше дал спокој, Бог немаше да зборува веќе потоа за друг ден.
9Но, за народот Божји сѐ уште останува саботна починка.
10Откр 14,13Зашто, кој ќе влезе во спокојот Негов, тој ќе се одмора од делата свои, како и Бог од Своите.
11И така, да се погрижиме да влеземе во оној спокој, та да не би некој да падне во слична непослушност.
12Ис 49,2; 55,11; Ер 17,10; 23,29; Мудр 18,15; Јн 10,35; 12,48; Дела 7,38; 12,24; 1 Кор 4,5; 14,24-25; Ефес 6,17; 1 Сол 2,13; 2 Тим 2,9; 1 Птр 1,23; 1 Јн 2,14; Откр 1,16; 19,13Зашто, словото Божјо е живо и дејствува и е поостро од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот, и ги проценува мислите и намерите на срцето.
13Ер 23,24; Пс 32,13-15; Изреки 5,21; Дан 2,22; Рим 14,12И нема создание сокриено за Него, туку сѐ е голо и откриено за очите на Оној пред Кого ние ќе одговараме.
Исус е нашиот Првосвештеник14 2,17; 3,1; 5,5.10; 6,20; 7,26; 8,1; 9,11; 9,24; 10,21; 10,23; Ефес 4,10 Имајќи Го големиот Првосвештеник Кој преминал преку небесата, Исус, Синот Божји, ние треба да се држиме за исповедувањето на верата.
152,17-18; Мт 4,1-11; Лк 22,28; Јн 8,46; 2 Кор 5,21Зашто, ние немаме таков Првосвештеник, што не може да сочувствува во нашите слабости, туку таков Кој искусил сѐ како и ние, освен грев.
163,6; 7,19; 10,19.22.35; 1 Јн 3,21И така, слободно да пристапуваме кон престолот на благодатта, за да примиме милост и да најдеме благодат за благовремена помош.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.