1 2,10-20; Мт 13,43 Праведникот ќе застане со голема смелост пред лицето на оние што го навредувале и ги презирале неговите подвизи;
2а тие, откако ќе видат, ќе се збунат во голем страв и ќе се вчудовидат од неговото ненадејно спасение.
3И, раскајувајќи се и воздивнувајќи од притеснувањето на својот дух, ќе мислат во себеси: тоа е оној истиот, кој некогаш служеше за подбив и кој ни беше предмет на потсмев.
42,15.20Ние, безумните, неговиот живот го сметавме за лудост, а смртта негова – нечесна!
52,13; Кол 1,12А како ли е приброен кон синовите Божји и како добил дел меѓу светите?
6Мал 3,20; Пс 118,105; Изреки 21,16И така, ние, навистина, се одвоивме од патот на вистината, светлината на правдата не ни светеше, а и сонцето не нѐ огреа.
7Ние се исполнивме со беззаконија и лоши дела, одевме низ непреодни пустини, а патот на Господ не го познавме.
8Каква полза ни донесе гордоста? Што ни даде богатството со празни зборови?
92,5; Јов 9,25-26Сето тоа премина како сенка, како краткотраен глас.
10Изреки 30,19Како кога помине брод низ разбранувана вода, ни трага нема од него; не се познава каде поминал, нити има патеки негови во брановите;
11или како птица што во воздух лета и не остава зад себе трага од својот пат, но лесниот воздух, удиран од крилјата и сечен од брзото движење, проникнува со движењето на своите крилја, потоа не останува никаква трага од нејзиниот лет;
12или како стрела пуштена кон целта, разделениот воздух веднаш се собира; не се познава патеката, по која поминала;
13така и ние се родивме и умревме, и никаков знак на добродетел не можевме да покажеме, а се истоштивме во нашето беззаконие.
14Ис 29,5; Пс 1,4; 37,20; 68,3Зашто надежта на безбожникот исчезнува како прав носен од ветрот, како ситен шушлек што го разнесува бура, исчезнува како дим на ветар и изминува како споменот за еднодневен гостин.
Славата на праведниците15 Ефес 6,10-20 Ис 62,11 А праведниците живеат довека; нивната награда е во Господ, за нив се грижи Севишниот.
164,2; Ис 28,5; Пс 7,10; Изреки 4,9Затоа тие ќе го добијат царството на славата и венецот на убавината од раката Господова; Тој ќе ги закрили со Својата рака и со Својата десница ќе ги заштити.
17Ис 59,16-17Тој ќе ја земе Својата ревност и како силно оружје, ќе ги вооружи сите созданија за одмазда против непријателите.
18Како оклоп ќе ја облече правдата, а како шлем ќе го стави – нелицемерниот суд;
19светоста ќе ја земе како штит непобедив;
2016,17Својот строг гнев ќе го изостри како меч, и сиот свет ќе појде со Него во бој против безумните.
21Пс 7,12-13; 17,14; 3 Езд 16,13Тогаш ќе полетаат добро вперените стрели, и од облаците, како од силно затегнат лак, ќе ја погодуваат целта;
22и како од бојна направа за фрлање камења – ќе се исипе град; морската вода ќе беснее врз нив и реките без милост ќе ги издават.
23Ис 30,27-28Духот на силата ќе стане против нив и како виор ќе ги разнесе. Така беззаконието ќе ја опустоши целата земја и лошите дела ќе го превртат престолот на силните.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.