1Почна да говори вториот, што беше рекол за силата на царот. Тој рече:
21 Мојс 1,26; 9,2 „О мажи, нели се силни луѓето, кога владеат со земјата и морето и со сѐ што е во нив?
3Но царот ги надминува, владее над нив и им заповеда, и во сѐ, што и да им каже, тие му се покоруваат.
4Ако каже да се спротивстават еден против друг, тие го извршуваат тоа; ако ги испрати против непријатели, тие одат и соборуваат планини, карпи и кули,
5и убиваат и се убивани, но не го погазуваат царскиот збор; ако победат, пак, му донесуваат на царот сѐ што ќе запленат, и сѐ друго.
61 Цар 8,12.14И оние, што не одат во војна и не се борат, а ја работат земјата, по сеидбата, откако ќе ја соберат жетвата, и тие му носат на царот
7Дан 5,19 и, принудувајќи се еден со друг, му принесуваат данок на царот.
8Тој е само еден; ако каже да се убива – убиваат; ќе рече ли да се прости – проштеваат; ќе каже ли да се борат – се борат;
9ќе каже ли да се опустошува – опустошуваат; ќе каже ли да се гради – градат; ќе каже ли да се исече – сечат; ќе каже ли да се насади – насадуваат;
10и сиот народ негов и војската негова нему му се покорува.
11Освен тоа, тој седи на трпезата, јаде, пие и спие, а тие внимаваат околу него, и никој не може да се оддалечи и да ги гледа своите работи, и не смеат да му бидат непослушни.
12О мажи, нели е од сите работи најсилен царот, кога така му се покоруваат?“ – И замолча.
135,5; 1 Езд 3,2 Третиот, пак, кој беше рекол за жените и за вистината, – тој беше Зоровавел, – и почна да говори:
Одговор на Зоровавел14„О мажи, голем е царот, големи се и многу луѓе, и моќно е виното. Но кој господари над нив и ги владее? Нели жените?
15Жени го родиле царот и сиот народ, кој владее со морето и земјата;
16од нив се родени и од нив се одгледани оние, што садат лозја, од кои се прави вино;
17Изреки 31,13.19тие прават облека за луѓето и снабдуваат украси за нив, и луѓето не можат без жени.
18Ако мажите соберат злато и сребро и секакви скапоцености, и потоа видат жена леполика и убава,
194,31; Сир 36,22 оставаат сѐ и се спуштаат кон неа и ја гледаат со отворена уста, и сите се прилепуваат кон неа повеќе, отколку кон златото и среброто и кон секоја скапоценост.
201 Мојс 2,24 Човекот го остава таткото свој, кој го воспитувал, и земјата своја и се прилепува кон жената своја,
21кај жената своја останува до смртта и заборава и татко, и мајка, и земјата своја.
22Од тоа треба да разберете дека жените владеат над нас. Не преземате ли тешки работи, нели се трудите и се мачите, не принесувате ли и не давате ли сѐ за жената?
23Го зема човекот мечот свој и излегува по патиштата да граби и краде, готов е да плови по море и по реки,
24Изреки 22,13; 26,13; Јов 24,13-17лав сретнува и во темнина талка; но ако украде, одвлече или ограби нешто, ѝ го носи на саканата своја.
251 Мојс 2,24 И човекот повеќе ја сака жената своја, отколку таткото и мајката.
261 Мојс 29,20 Многумина полудувале поради жени и станувале робови преку нив.
27Изреки 2,18; 5,5; 7,26.27; Сир 9,8 Многумина загинале и пропаднале и згрешиле поради жени.
28Зар сега нема да ми поверувате? Нели е голем царот со власта своја? Нели сите земји се плашат да се допрат до него?
29Неем 2,6; Пс 44,9 Јас го видов него и Апама, царевата наложница, ќерката на славниот Вартак, како седи десно од царот;
30таа ја симнуваше круната од главата на царот и си ја ставаше, а со левата рака го удираше царот по образот.
314,19И покрај сето тоа царот ја гледаше со отворена уста: ако таа му се насмевне, се насмевнува и тој; а ако, пак, му се налути, тој ја милува, за да биде добар со неа.
32О мажи, како да не бидат силни жените, кога прават така?“
33Тогаш царот и големците се погледнаа еден со друг, а тој почна да говори за вистината, па рече:
34Пс 18,5.6„О мажи, нели се силни жените? Голема е земјата и високо е небото, и брзо е сонцето во својот од, зашто за еден ден го обиколува небесниот круг и пак се враќа на местото свое.
35Мудр 13,4.5; Рим 1,20; Јн 14,6 Нели е голем Оној, Кој го прави тоа? И вистината е поголема и посилна од сѐ.
36Целата земја ја повикува вистината, и небото ја благословува, и сите работи се стресуваат и треперат пред неа. И во неа нема неправда.
37Пс 13,1; 52,1; 3 Езд 8,35; Рим 3,10; 3 Езд 3,20-22; Јн 8,44; 1 Јн 2,4 Неправедно е виното, неправеден е царот, неправедни се жените, неправедни се и сите човечки потомци, па и сите нивни работи се такви: нема вистина во нив и тие ќе загинат во неправдата своја;
38а виситината истрајува и останува силна засекогаш, и живее и владее од век во век.
395 Мојс 10,17 Во неа нема пристрасност и поделеност: таа го прави она што е праведно, одбегнувајќи сѐ што е неправедно и лошо, и сите ги одобруваат нејзините работи.
401 Лет 29,11; Пс 30,5; 5 Мојс 32,4; Ер 10,10 Во нејзиниот суд нема ништо криво; таа е сила, и царство, и власт и величие во сите векови; благословен да е Бог на вистината!“
41И престана да говори. И сите тогаш викнаа и рекоа: „Голема е вистината и најсилна е од сѐ.“
423,5-7Тогаш царот му рече: „Барај што сакаш, па дури и повеќе од напишаното, и ќе ти дадам, бидејќи ти се покажа најмудар; ти ќе седиш до мене и ќе се нарекуваш мој роднина.“
Потсетување на даденото ветување43Тогаш тој му рече на царот: „Сети се на ветувањето што го даде во оној ден, кога го прими царството свое дека ќе го изградиш Ерусалим,
441,41; 2,10; 4,57; 6,18.19и ќе ги вратиш сите садови, земени од Ерусалим што Кир ги беше однел, кога даде завет за да го разурне Вавилон, и вети дека ќе ги испрати таму.
454,50; Пс 136,7; Ез 25,12; 35,5; Амос 1,11; Авд 10-15А ти вети да го подигнеш храмот, што го беа изгореле Едомците, кога Халдејците ја опустошија Јудеја.
464,42.58; Дан 3,37; Тов 13,7.11И за истото тоа сега те молам, царе господаре, те молам, и во тоа е твојата големина: те молам да го исполниш ветувањето, кое со устата своја му го вети на Небесниот Цар дека ќе го исполниш.“
Писмото на Дариј47Тогаш царот Дариј стана, го бакна и напиша писмо до сите управници и обласни началници и воени началници и сатрапи – да го пуштат, а со него заедно и сите, што одат да го градат Ерусалим.
482,17; 5,55; Јудита 1,7; 1 Езд 3,7; Суд 9,15 Исто така напиша писмо до сите месни началници во Келе-Сирија и Феникија и до оние во Ливан – да довезуваат од Ливан во Ерусалим кедрово дрво и да му помагаат да го изгради градот.
49Напиша да бидат слободни и сите Јудејци, кои тргнуваат од царството за Јудеја, та никој од властите, – заповедник, сатрап и управител, да не оди до вратата нивна,
504,45; Ез 36,5; Авд 13туку целата земја, со која тие владеат, да биде ослободена од данок, и Едомците да ги остават јудејските села со кои владеат;
51исто така, за градење на храмот секоја година да се дава по дваесет таланти, додека не биде изграден;
525,51 и за принесување на жртвеникот секојдневни сепаленици, освен одредените седумнаесет, се даваше уште по десет таланти годишно;
53и сите, што заминуваат од Вавилон, да имаат слобода да го градат градот, како тие, така и потомците нивни и сите свештеници, што ќе отидат.
54Напиша исто така и за издршката и за службената облека на свештениците.
55Напиша да им се дава издршка и на левитите до оној ден, кога ќе се заврши храмот и ќе се изгради Ерусалим;
56и на сите, што го чуваат градот, порача да им се дава плата и храна.
574,44Ги отстапи и сите садови, што Кир ги беше земал од Вавилон; и сѐ, што беше заповедал Кир да се направи, тој заповеда да се изврши и испрати во Ерусалим.
583,4; 3 Цар 8,48; Дан 6,10; 3,46И кога излезе младичот, го крена лицето кон небото спроти Ерусалим, Му заблагодари на Царот Небесен и рече:
59Изреки 21,31; 2 Мак 13,15; Изреки 2,6; Сир 1,1; Јк 1,5; 1 Лет 29,11; Мт 6,13„Од Тебе победа, од Тебе мудрост, и Твоја е славата, и јас сум пак Твој слуга.
60Мудр 7,15; 3 Цар 3,12 Благословен си Ти, Кој ми подари мудрост, и Ти блогодарам, Господи, Боже на татковците наши.“
61И откако ги зеде писмата, тргна и отиде во Вавилон, и им јави на сите браќа свои.
62И тие Му заблагодарија на Бога на татковците нивни, поради тоа што им подари слобода и одобрение
635,2.59; 3 Цар 8,43 да одат и да го градат Ерусалим и храмот, наречен според името Негово. И ликуваа со музика и веселба седум дена.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.