1Во четвртата година на царот Дариј дојде слово Господово до Захарија, на четвртиот ден од деветтиот месец – кислев,
2Ер 26,19; Мал 1,9; Пс 118,58кога жителите на Ветил ги испратија Шарецер и Регем-Мелех и придружниците нивни за да се помолат пред лицето на Господ
3Јоил 2,12-17; Плач 2,18и да ги прашаат свештениците, што се наоѓаа во домот на Господ Саваот, и пророците, па да прашаат: „Да плачеме ли во петтиот месец и да постиме ли, како што го правевме тоа, еве, веќе многу години?“
4И дојде слово на Господ Саваот до мене:
51,12; 4 Цар 25,25; Ис 58,3-12; Амос 5,21„Кажи му на сиот народ од оваа земја и на свештениците вака: ‚Кога постевте и плачевте во петтиот и седмиот месец, и тоа цели седумдесет години, за Мене ли постевте?
6И кога јадевте и пиевте, зар не јадевте за себе и зар не пиевте за себе?‘
7Зар истите прописи не ги кажуваше Господ преку поранешните пророци, кога Ерусалим беше населен и спокоен, а и градовите околу него; кога и Негев и Шефела беа населени?“
8И дојде слово Господово до Захарија:
9Ис 1,17; Ер 22,3; Ос 2,19; 6,6; 10,12; Мих 6,8„Вака зборуваше тогаш Господ Саваот: извршувајте суд праведен и имајте милост и сочувство еден кон друг;
102 Мојс 22,21-22; Ер 7,6; Амос 8,4; Мих 2,1; Пс 34,4вдовици и сираци, придојден и сиромав не притеснувајте и не мислете зло во срцата ваши еден против друг.
112 Мојс 32,9; Ис 6,10; 48,4; Ер 18,12; Ез 2,4-5Но тие не сакаа да слушаат, и тврдоглаво Ми свртеа грб; и ушите ги затнаа за да не слушаат.
12Ер 17,1; Ез 11,19; Мт 7,12; 22,40И срцата си ги стврднаа како кремен, за да не го слушаат законот и зборовите што ги испраќаше Господ Саваот преку Својот Дух до поранешните пророци; па затоа и ги постигна големиот гнев на Господ Саваот.
13Ис 50,2; Ер 7,13; Изреки 1,28И како што викав Јас, а тие не слушаа, викаа и тие, но Јас не ги слушав, вели Господ Саваот.
145 Мојс 4,27; Ис 34,10; Ез 17,21Па ги распрснав по сите народи, кои тие не ги познаваа, и оваа земја запусте по нив, така што никој не поминуваше ниту се враќаше во неа. Така, избраната земја тие ја претворија во пустина.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
