Броеви 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Денот за прослава на Пасхата

1 2 Мојс 12,1-20 И му рече Господ на Мојсеј во Синајската Пустина во првиот месец од втората година, откако беа излегле од египетската земја, велејќи:

2„Нека направат синовите израилски Пасха во определеното за неа време:

33 Мојс 23,5; 5 Мојс 16,1-8на четиринаесеттиот ден од тој месец вечерта направете ја во определеното време за неа; според сите про­писи пропишани и со сите обреди про­пишани за неа направете ја!“

4И им рече Мојсеј на синовите израилски да направат Пасха.

5И направија Пасха во првиот месец, на четиринаесеттиот ден од месецот вечерта, во Синајската Пустина: како што му заповеда Господ на Мојсеј, така и постапија во сѐ синовите на Израил.

65,2; 19,11; 3 Мојс 5,3; 13,3; 21,11А имаше луѓе, кои беа нечисти од допир до мртви човечки тела, па не можеа да направат Пасха во оној ден; и дојдоа тие луѓе во оној ден кај Мојсеј и Арон,

7и му рекоа на Мојсеј: „Ние сме нечисти од допир до мртви човечки тела; зошто не ни дозволуваат и ние да му принесеме принос на Господ во определеното време меѓу синовите израилски?“

82 Мојс 18,15; 3 Мојс 24,12; Пс 84,7И им рече Мојсеј: „Почекајте да чујам, како ќе заповеда Господ за вас.“

9И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

102 Лет 30,2„Кажи им на синовите на Израил: ако некој од вас или од потомците ваши биде нечист поради допир до мртво тело, или биде на долг пат, и тој нека направи Пасха Господова.

112 Лет 30,15Таквите нека ја направат во четиринаесеттиот ден од вториот месец ве­черта и нека ја јадат со бесквасен леб и со горчливи тревки;

12Јн 19,36и да не оставаат од неа за утрешни­от ден и коските нејзини да не се кршат; нека ја направат според сите прописи за Пасха.

131 Мојс 17,14А оној што е чист, а не бил на (долг) пат и не направи Пасха, – да се истреби таа душа од народот свој, зашто тој не Му принесол дар на Господ во определеното време: грев ќе прими врз себе тој човек.

142 Мојс 12,48-49Ако при вас живее придојден и тој треба да направи Пасха Господова; спо­ред наредбата за Пасха и според обредот за неа тој треба да ја направи; еден закон нека постои за вас – и за придојден, и за тукашен.“

Облак врз светата скинија

15 2 Мојс 13,21-22; 5 Мојс 1,33 2 Мојс 38,21 Во оној ден кога беше поставена скинијата, облак ја покри скинијата на собранието, и од вечерта па до изутрина се гледаше нешто како оган над ски­нијата.

16Така стануваше секогаш: облак ја покриваше дење и нешто како оган – ноќе.

17И штом облакот ќе се кренеше од скинијата, синовите израилски тргнуваа на пат, и на местото, каде што облакот запираше, таму се сместуваа синовите израилски.

18По заповед на Господ синовите на Израил тргнуваа на пат и по заповед на Господ застануваа: за сето време, додека облакот стоеше над скинијата, стоеја и тие;

193 Мојс 8,35и ако облакот долго време остануваше над скинијата, синовите израилски го набљудуваа тој Господов знак и не тргнуваа.

20Понекогаш, пак, облакот малку време остануваше над скинијата: според знакот Господов тие се запираа и според знакот Господов тргнуваа на пат.

21Понекогаш облакот стоеше само од вечерта до утрината, и наутро облакот се креваше, тогаш и тие тргнуваа; или облакот стоеше и дење и ноќе, и кога ќе се кренеше, тогаш и тие тргнуваа;

22или ако два дена, или цел месец, или подолго време облакот остануваше над скинијата, тогаш и синовите изра­илски стоеја и не тргнуваа на пат; а ко­га ќе се издигнеше, тогаш тргнуваа.

23На знакот Господов се запираа и според знакот Господов тргнуваа на пат; го следеа знакот Господов според заповедта на Господ, дадена преку Мојсеј.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help