1 19,4; Ез 8,12 „Не правете ракотворни образи, ни делкани; и не издигајте столб и не поставувајте во земјата камења со знаци, за да им се поклонувате, зашто Јас сум Господ, вашиот Бог.
219,30; Ер 17,19-27; Ез 20,12-13Пазете ги Моите саботи и почитувајте го Моето светилиште; Јас сум Господ.
Благослови3 1 Мојс 26,5; 2 Мојс 24,8; 5 Мојс 6,17; 11,13 Ако постапувате според Моите повелби и ги запазувате Моите наредби, и ги исполнувате,
45 Мојс 11,13-15; 28,1-14; Ез 34,26-27ќе ви давам дожд навреме, и земјата ќе го даде родот свој, и дрвјата полски ќе го дадат својот плод,
5Ис 1,19; Амос 9,13и вршидбата ќе трае кај вас до гроздоберот, гроздоберот ќе трае до сеидбата, и ќе јадете свој леб до наситка и ќе живеете безбедно во вашата земја.
6Ис 26,3; 54,13; Агеј 2,9; Пс 28,11; 36,11Ќе ѝ дадам мир на земјата; ќе спиете и никој нема да ве обеспокојува; ќе ги истребам лутите ѕверови од земјата и меч нема да помине по целата ваша земја.
75 Мојс 28,7Па ќе ги гоните непријателите ваши, и тие од меч ќе паднат убиени пред вас;
8Ис.Н. 23,10; Суд 15,15; Ис 30,17; 1 Мојс 32,30петмина од вас ќе прогонуваат сто души, и сто од вас ќе прогонуваат десет илјади, и непријателите ваши ќе паднат од меч пред вас.
91 Мојс 1,22; 17,6; Неем 9,23Ќе погледнам благонаклоно на вас (ќе ве благословам) и ќе ве направам плодни, ќе ве умножам и ќе го зацврстам заветот Мој со вас.
1025,21-23И ќе јадете од старото – ланското и старото ќе го исфрлите поради новото.
112 Мојс 25,8; 1 Цар 12,22; 3 Цар 6,13; Ез 37,27; Пс 73,7Ќе го поставам живеалиштето Мое меѓу вас, и душата Моја нема да се гнаси од вас.
125 Мојс 4,7-8; Ез 36,28; 37,27; Јн 1,14; 2 Кор 6,16; Откр 21,3Ќе се движам меѓу вас и ќе бидам ваш Бог, а вие ќе бидете Мој народ.
132 Мојс 6,7; Ис 10,27; Ер 2,20; 27,2; Ез 30,18; Ос 11,4Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве изведе од египетската земја, за да не бидете нивни робови, и ги скршив стегите на јаремот ваш и ве изведов охрабрени.
Клетви14 5 Мојс 28,15-68; Амос 4,6-12; Дан 9,11 Ако, пак, не Ме слушате и не ги исполнувате овие Мои повелби,
151 Мојс 17,7и не им се покорувате, и ако душата ваша негодува од Моите закони, така што нема да ги исполнувате сите Мои заповеди, и го нарушите заветот Мој, –
16Суд 6,3-6; 1 Цар 2,33; Ез 4,17; 24,23; Пс 77,33; 106,17; Јов 31,8тогаш и Јас ќе постапам со вас вака – ќе ви пратам офтика и врела треска, од кои ќе ослабат очите ваши и ќе се измачува душата ваша, и ќе сеете семе залудо, зашто непријателите ваши ќе го јадат.
17Ис.Н. 7,4; 7,12; Суд 2,15; Ис 30,17; Ер 19,7; 21,7Ќе го свртам лицето Мое против вас и ќе паднете пред непријателите ваши; над вас ќе владеат непријателите ваши, и ќе бегате дури и кога никој не ве гони.
18Ер 21,14; Амос 3,14; Пс 98,8Ако и покрај сето ова не Ме послушате, седумпати ќе ја зголемам казната за гревовите ваши;
19Ис 16,6; Ер 13,9; 14,1-9; Ез 24,21; Пс 9,24ќе ја скршам вашата тврдоглавост, ќе го направам небото ваше како железо, и земјата ваша како бакар;
205 Мојс 11,17; Ис 17,11; Ер 12,13; Агеј 1,6; Пс 126,1па залудо ќе се истоштува силата ваша, и земјата ваша нема да го дава својот плод, и дрвјата земни нема да ги раѓаат плодовите свои.
211 Мојс 4,15Ако, пак, и потоа тргнете настрана и не сакате да Ме слушате, ќе ви нанесам седумкратни удари поради гревовите ваши;
221 Мојс 37,20; Ер 5,6; 42,2; Ез 5,17; 14,15ќе испратам против вас диви ѕверови, кои ќе ви ги одземат децата ваши, ќе го уништат добитокот ваш и ќе ве намалат, така што ќе се запустат патиштата ваши.
23Ер 2,30; 5,3Ако и потоа не се поправите и тргнете против Мене,
242 Цар 22,27тогаш и Јас ќе тргнам против вас со јарост и ќе ве поразам седумкратно за гревовите ваши.
252 Мојс 5,3; 3 Цар 8,37; Ер 5,17; Ез 21,14-22И ќе испратам против вас одмаздувачки меч за одмазда поради заветот; ако, пак, избегате по градовите ваши, ќе испратам на вас помор и ќе бидете предадени во рацете на непријателот.
26Ер 37,21; Ез 4,16; Ос 4,10; Пс 104,16Ќе оскудевате за леб; десет жени ќе го печат лебот ваш во една печка и ќе ви даваат леб со мерка; ќе јадете и нема да се наситите.
27Ако и покрај сево ова не Ме послушате и тргнете против Мене,
28Суд 2,14; Ер 17,10; Пс 77,59; Јов 34,11и Јас ќе тргнам против вас со гнев и седумкратно ќе ве казнам за гревовите ваши,
29Ер 19,9; Ез 5,10; Плач 2,20; 4,10и ќе ги јадете телата на синовите свои, и телата на ќерките ваши ќе ги јадете.
305 Мојс 12,2; 1 Цар 9,12; Ис 21,9; Ер 50,2; Ез 6,1-7; Амос 7,9; 2 Лет 14,6; 34,4Ќе ги разрушам жртвениците ваши, ќе ги разрушам ракотворните столбови ваши и ќе ги фрлам труповите ваши врз урнатините од идолите ваши, и душата Моја ќе се одврати од вас.
31Ис 1,7; Ез 24,21; Амос 7,9; Неем 1,3Градовите ваши ќе ги претворам во пустина и ќе ги опустошам светилиштата ваши, и нема да примам благопријатен мирис од жртвите ваши.
323 Цар 9,8; Ис 5,6; Ер 9,12; 12,11; 2 Лет 29,8Ќе ја запустам земјата ваша, така што ќе се чудат над неа непријателите ваши, што ќе живеат во неа;
33Ис 1,7; Ер 34,22; Ез 34,6вас, пак, ќе ве растурам меѓу народите и ќе направам да ве гонат со изваден меч; земјата ваша ќе биде пуста, и градовите ваши – разрушени.
34Ер 7,34; 2 Лет 36,21Тогаш земјата ќе надомести за своите саботи преку сите денови, додека биде пуста; додека вие бидете во земјата на непријателите ваши, земјата ќе си почива и ќе надомести за своите саботи;
35таа ќе почива за сето време додека биде пуста, што не почиваше за сите саботи ваши кога живеевте во неа.
36Ез 21,12А на оние од вас што ќе останат, ќе им всадам страв во срцата во земјата на непријателите нивни, па и шумот од развеан лист ќе ги плаши; ќе бегаат како од меч, и ќе паѓаат кога и никој не ги гони.
37И ќе се сопнуваат еден од друг како да бегаат од меч, иако никој не ги прогонува; не ќе имате сила да им се противставувате на непријателите ваши;
38Ис 1,28; Ер 16,4; Јов 4,9; Пс 1,6ќе загинете меѓу народите, и ќе ве проголта земјата на непријателите ваши;
39Ез 4,17а другите од вас ќе истлеат поради беззаконијата свои во земјите на непријателите ваши и поради беззаконијата на татковците ваши ќе исчезнат.
Бог ќе си спомне за Својот завет40Тогаш ќе ги исповедаат беззаконијата свои и беззаконијата на татковците свои, признавајќи дека вршеа престапи против Мене и дека се дигнаа против Мене;
41Ер 4,4; Дела 7,51поради што и Јас (со јарост) станав против нив и ги одведов во земјата на непријателите нивни; тогаш ќе биде понижено нивното необрезано срце, и тогаш ќе ја искупат својата неправедност.
421 Мојс 17,1-14; 26,3-4; Ез 16,60; Лк 1,72-73И Јас ќе си спомнам за заветот Мој со Јаков, и на заветот Мој со Исак, и на заветот Мој со Авраам, и на земјата ќе се сетам
43Ис 40,2и земјата, напуштена од нив, ќе надомести за своите саботи, откако ќе биде испразнета од нив, и тие ќе ја добијат својата казна за беззаконијата свои, зашто ги презреа законите Мои и душата нивна се одврати од наредбите Мои.
445 Мојс 4,29-31; Плач 3,22-23; 3,31-32; 5,21-22Но кога тие ќе бидат во земјата на непријателите свои, – Јас нема да ги презрам, и нема да се налутам на нив толку, за да ги истребам и да го раскинам Мојот завет со нив, зашто Јас сум Господ, нивниот Бог.
4511,45; 22,33; 25,38Ќе се сетам, заради нив, на заветот со нивните предци, кои ги изведов од египетската земја пред очите на народите, за да им бидам Бог. Јас сум Господ.“
462 Мојс 19,11Тоа се наредбите, заповедите и законот кои Господ ги воспостави меѓу Себе и синовите на Израил преку Мојсеј на планината Синај.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.