1 Амос 1,13-15 По една година, во времето, кога царевите излегуваа во војна, Јоав ја изведе војската и почна да ја опустошува амонската земја, и отиде, па ја опседна Рава. А Давид беше останал во Ерусалим. Јоав ја освои Рава и ја разруши.
2И го зеде Давид венецот на царот нивен од главата негова; во него се најде талант злато на мерка, и скапоцени камења имаше на него; му го ставија на главата на Давид. И прилично голем плен изнесоа од градот.
3А луѓето, што беа во него, ги изведуваше и ги тераше да работат со триони, со железни чекани и секири. Така постапи Давид со амонските градови; па се врати Давид и сиот народ во Ерусалим.
Борба против филистејските џинови(2 Цар 21,15-22)4 1 Мојс 14,5; Ис.Н. 10,33 Потоа изби војна со Филистејците во Гезер. Тогаш Хушанецот Сивхај го уби Сипај, еден од Рефаимовите потомци. И тие беа покорени.
51 Цар 17,7И пак имаше војна со Филистејците. Тогаш Елханан, синот Јаиров, го уби Лахмиј, Голијатовиот брат, од Гет, на кого дршката на копјето беше колку ткаечко кросно.
6Имаше борба и во Гет. Таму имаше еден човек со голем раст, на кого прстите му беа по шест – вкупно дваесет и четири. И тој беше од Рефаимовите потомци.
7Тој го навредуваше Израил, но Јонатан, син на Давидовиот брат Шима, го уби.
8Тие се беа родиле од Рефаимовците во Гет, и паднаа од раката на Давид и од рацете на слугите негови.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
