2 Царства 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Давид дознава за смртта на Саул

1 1 Цар 30,17.26; 31,6 По Сауловата смрт, кога Давид се врати по разбивањето на Амаликиј­ците и престојуваше во Циклаг два дена,

21 Цар 4,12ете, на третиот ден доаѓа човек од Сауловиот логор; облеката му е испо­ки­ната и на главата има прав. Штом дој­де кај Давид, падна на земја и му се поклони.

3И Давид го праша: „Од каде доа­ѓаш?“ Тој одговори: „Избегав од изра­илскиот логор.“

4Давид го праша: „Што стана? Рас­кажи ми.“ А тој одговори: „Народот се разбега од битката, и многу народ падна и изумре; умреа и Саул и синот негов Јонатан.“

5Давид го праша момчето што му раскажуваше: „Од каде знаеш дека Саул и синот негов Јонатан умреле?“

6Суд 9,54; 1 Цар 31,2-5А момчето што му раскажуваше, рече: „Јас случајно отидов на планината Гелвуја, и ете, Саул падна врз копјето свое, а колите и коњаниците го стигнаа.

7Тогаш тој се сврте назад и, откако ме виде, ми викна.

8И јас реков: ‚Еве ме.‘ Тој ме праша: ‚Кој си ти?‘ Јас му одговорив: ‚Јас сум Амаликиец.‘

9Тогаш тој ми рече: ‚Дојди кај мене и убиј ме, зашто смртна тага ме опфатила, но душата моја сѐ уште е во мене.‘

10И јас се приближив до него и го убив, бидејќи знаев дека тој нема да остане жив по паѓањето свое; и го зедов царскиот венец што беше на главата негова, и гривната што беше на раката не­гова, и ги донесов тука на господарот свој.“

113,31; 13,31Тогаш Давид се фати за облеката своја и ја раскина, исто така и сите луѓе што беа со него, ги раскинаа алиштата свои,

121 Цар 15,32-35; 25,1; 28,3; 31,13и липаа, и плачеа и постеа до вечерта за Саул и за синот негов Јона­тан, и за народот Господов и за домот Израилев, поради тоа што беа загинале од меч.

131,8Давид, пак, го запраша момчето што му раскажуваше: „Ти од каде си?“ А тој му одговори: „Јас сум син на еден придојден Амаликиец.“

141 Цар 24,7; 26,9Тогаш Давид му рече: „Како не се исплаши да кренеш рака за да убиеш помазаник Господов?“

154,10.12И Давид повика еден од момците и му рече: „Дојди и убиј го!“ И оној го уби, и тој умре.

161,10; 3,28-29И Давид му рече: „Твојата крв нека биде врз главата твоја, бидејќи твојата уста сведочеше против тебе, кога велеше: ‚Го убив помазаникот Госпо­дов.‘“

Тажењето на Давид по Саул и Јонатан

17 2 Лет 35,25 Потоа Давид го оплака Саул и си­нот негов Јонатан со оваа оплакувачка песна,

18Ис.Н. 10,13заповедајќи им на синовите Јудини да ја научат, како што таа е запишана во Книгата на Праведникот, и рече:

191,25.27„Твојата слава, о Израиле, падна врз твоите височини! Како паднаа из­раилските јунаци!

201 Цар 18,6; 31,4.9; Мих 1,10Не раскажувајте во Гет, не разгласувајте по улиците на Ашкелон, да не се радуваат ќерките филистејски, да не ликуваат ќерките на необрезаните.

211 Цар 31,1; Јов 3,3-9Гори Гелвујски, да не падне на вас ни роса, ни дожд! И вашите ниви да бидат без плод, зашто таму е фрлен штитот на Саул, како да не беше тој помазан со масло.

221 Цар 18,4; Ис 34,6Без крв од ранети, без мрс од силни, лакот Јонатанов не се враќаше назад, ниту мечот Саулов се враќаше празен.

23Саул и Јонатан, сакани и сложни во животот свој, не се разделија ни во смртта своја; тие беа побрзи од орлите, посилни од лавовите.

24Ќерки Израилеви, плачете за Саул, кој ве облекуваше во пурпурна облека со украси и ги китеше со златни накити облеките ваши!

251,19.27О, како паднаа силните во борбата! Загина Јонатан на твоите височини.

261 Цар 18,1-4Жалам за тебе, брате Јонатане; ти ми беше многу мил; твојата љубов за мене беше поголема од женската љубов.

271,19.25Како паднаа силните, како загина бојното оружје!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help