1 4 Мојс 22,1; 5 Мојс 3,27; 32,48-49 Тогаш Мојсеј се искачи од рамнините моавски на планината Нево, на врвот Фазга, спроти Ерихон, и Господ му ја покажа целата земја од Галаад сѐ до Дан,
2и целата земја Нефталимова, и целата земја Ефремова и Манасиева, и целата земја Јудина, дури до Западното Море,
3и регионот на Негев, и рамнината околу Ерихон, град на палми, дури до Сигор.
4И му рече Господ: „Ете ја земјата, за која им се заколнав на Авраам, на Исак, и на Јаков, велејќи: ‚На вашето семе ќе им ја дадам‘; дадов да ја видиш со очите твои, но ти таму нема да појдеш.“
5Ис.Н. 1,1-2И умре таму Мојсеј, слугата Господов, во земјата Моав, според зборот Господов;
6и го погребаа во долината, во земјата Моав, спроти Бет-Пеор, но до денеска никој точно не знае каде е погребан.
75 Мојс 31,2Мојсеј беше на сто и дваесет години кога умре; но видот не му беше ослабнат, и силата негова не му беше опаднала.
8И синовите на Израил го оплакуваа Мојсеј во рамнините моавски (кај Јордан, близу до Ерихон) триесет дена. А потоа поминаа и деновите за плачење и тагата по Мојсеј.
94 Мојс 27,18-23И Исус, синот Навинов, се исполни со дух на мудрост, зашто Мојсеј ги беше положил рацете свои врз него, и му се покоруваа синовите на Израил и правеа така, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
102 Мојс 33,11И не се појави веќе таков пророк во Израил, како Мојсеј, кого Господ го познаваше лице в лице,
11на кого Господ го беше испратил да ги изрши во египетската земја сите тие знаменија и чуда над фараонот, над сите слуги негови и над целата земја негова.
122 Мојс 14,31Чудесни се и големи тие дела што Мојсеј ги изврши со моќна рака пред очите на целиот Израил.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
