1Јоас беше на седум години, кога стана цар и царуваше во Ерусалим четириесет години; мајка му се викаше Цивија, од Вирсавија.
2Јоас правеше она што беше угодно пред очите на Господ преку сите денови на свештеникот Јехојада.
35 Мојс 17,17Јехојада му зеде две жени, и тој имаше од нив синови и ќерки.
4Потоа Јоас намисли да го обнови домот Господов,
52 Мојс 30,16; Неем 10,31-32И ги собра свештениците и левитите и им рече: „Одете по градовите на Јудеја и секоја година собирајте од сите Израилци сребро за одржување на домот на нашиот Бог, и побрзајте во таа работа.“ Но левитите не побрзаа.
62 Мојс 30,11-16; 38,21; Неем 10,32-33; Мт 17,24И царот го повика Јехојада, нивниот началник, и му рече: „Зошто не бараш од левитите да го донесуваат од Јудеја и Ерусалим данокот, установен за скинијата на собранието од Мојсеј, слуга Господов, и од израилското собрание?“
7Бидејќи нечестивата Готолија и синовите нејзини го беа разурнале домот Божји, и сѐ што беше посветено на домот Господов, го беа употребиле за Вааловци.
8Царот заповеда, та направија ковчег и го поставија кај влезот на домот Господов, однадвор,
9па разгласија по Јудеја и Ерусалим да Му Го принесуваат на Господ данокот, наложен од Мојсеј, слугата Божји, на Израилците во пустината.
102 Мојс 25,2; 1 Лет 29,3Се зарадуваа сите началници и сиот народ, па принесуваа и пуштаа во ковчежето, додека не се наполни.
11И кога левитите, пак, го донесуваа ковчежето кај царските чиновици, и тие гледаа дека има многу сребро, доаѓаше царскиот писар и повереникот на првосвештеникот, го празнеа и пак го однесуваа и го ставаа на истото место негово. Така правеа секој ден, и собраа многу сребро.
12Царот и Јехојада го предаваа на надгледниците по домот Господов, и тие најмуваа каменоресци и дрводелци за обновување на домот Господов, исто така и ковачи и казанџии, за да го поправат домот Господов.
13Распоредниците работеа, и со нивните раце се изврши поправката, и го дотераа домот Божји во поранешна состојба и го поправија.
14И кога завршија сѐ, му го однесоа на царот и на Јехојада останатото сребро. И направија од него садови за домот Господов, садови за служба и сепаленици, чаши и други садови, златни и сребрени. И принесуваа сепаленици во домот Господов постојано преку сите денови на Јехојада.
Укинување на реформите на Јехојада15Јехојада откако остаре и, откако се насити од животот, умре; тој беше на сто и триесет години кога умре.
16Го погребаа во Давидовиот град кај царевите, бидејќи тој правеше добро во Израил – и за Бога и за домот Негов.
17Но по смртта на Јехојада дојдоа јудејските началници и му се поклонија на царот; оттогаш царот почна да ги слуша.
182 Мојс 34,13; Ис.Н. 24,20; Ер 17,2И го оставија домот Господов, Бог на своите предци, и почнаа да им служат на посветените дрвја и на идолите; заради тој нивен престап се подигна гневот Господов и врз Јуда и Ерусалим.
194 Мојс 11,29; Ер 7,25; Зах 1,4Тој им испрати пророци за да ги повратат кон Господ и им сведочеа, но тие не ги послушаа.
2012,5; Мт 23,35; Лк 11,51И Духот Божји го исполни Захарија, синот на свештеникот Јехојада, и тој застана на возвишението пред народот и им рече: „Вака вели Господ: зошто ги прекршувате Господовите заповеди? Успех нема да имате: како што вие го оставивте Господ, така и Тој ќе ве остави.“
21Ис.Н. 7,25; Ер 20,2; Мт 23,35; Лк 11,51Тогаш се побунија против него и го убија со камења, по заповед на царот Јоас, во дворот на Господовиот дом.
221 Мојс 9,5Царот Јоас не се сети на доброто, што му го беше направил Јехојада, таткото на Захарија, а го уби синот негов. И тој, умирајќи велеше: „Нека види Господ и нека се одмазди!“
Крај на владеењето на Јоас23Откако измина годината, излезе против него сириска војска и влегоа во Јудеја и Ерусалим и ги истребија од народот сите началници народни и сиот плен, земен од нив и му го испратија на царот во Дамаск.
243 Мојс 26,23; 5 Мојс 28,25Иако сириската војска беше дошла во мал број, Господ им предаде во рацете нивни мошне многубројна сила, затоа што Го беа оставиле Господ, Бог на нивните предци. Тие му се одмаздија и на Јоас.
25Кога си отидоа од него, откако го оставија во тешка болест, слугите негови направија заговор против него, заради крвта на синот на свештеникот Јехојада, го убија во леглото негово и тој умре. Го погребаа во Давидовиот град, но не го погребаа во царските гробници.
26А заговорници против него беа: Завад, син на Амонката Шимеата, и Јехозавад, син на Моавката Шимрита.
27За синовите негови, за многуте пророштва против него и за обновувањето на Божјиот дом е напишано во Книгата на царевите. Наместо него стана цар синот негов Амасија.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.