1 Летописи 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Потомците на Рувим

1 26,10; 1 Мојс 29,32; 35,22; 49,4 Синови на Рувим, првороден Израилев; тој беше првороден, но от­како ја оскверни постелата на татко си, првенството им беше дадено на сино­вите на Јосиф, син Израилев, но под услов да не се пишат првородени.

211,2; 1 Мојс 49,10; 1 Цар 9,16; 2 Лет 7,18; Мт 2,6Бидејќи Јуда беше најсилен меѓу браќата свои, тоа и водачот излегуваше од него, но првенството беше пренесено на Јосиф, –

31 Мојс 29,32; 46,9; 2 Мојс 6,14; 4 Мојс 26,5-6синови на Рувим, првородениот Израилев, беа: Енох, Палу, Есром и Карми.

4Синови на Јоил: Шемаја, неговиот син Гог, неговиот син Семеј,

5негов син Миха, негов син Реаја, негов син Ваал,

64 Цар 16,10; 2 Лет 28,20негов син Беера, кого што асирскиот цар Тилгат-Пилнесер го одведе во плен. Тој беше началник на Рувимците.

7А роднините негови, според родо­вите нивни, според нивниот родословен список, беа: Јеиел – главен, потоа Захарија

84 Мојс 32,37-38; Ис.Н. 13,15-23и Бела, син Азазов, син на Шема, син Јоилов; тој живееше во Ароер, до Нево и до Ваал-Меон;

91 Мојс 2,14; 4 Мојс 32,26потоа живееше тој кон исток сѐ до влезот во пустината, кој се протега до реката Еуфрат, зашто беа многубројни во земјата Галаадска.

1027,31Во дните на Саул, тие водеа војна со Хагријците, а тие се населија во ша­торите нивни по целата источна страна на Галаад.

Потомци на Гад

11 1 Мојс 30,11; 4 Мојс 1,25; 5 Мојс 3,10 Синовите Гадови живееја спроти нив во земјата Башанска, до Салеха:

12во Башан главен беше Јоил, втор – Сафан, потоа Јанај и Шафат.

13Браќата нивни со челадта своја беа седум: Михаил, Мешулам, Сева, Јорај, Јакан, Зија и Евер, седум.

14Еве ги синовите на Авихајл, син на Хури, син на Јароах, син Галаадов, син на Михаил, син Јешишаев, син Јахдоев, син Бузов.

15Ахи, син на Авдиел, син Гуниев, беше началник во домот на својот род.

16Тие се населија во Галаад, во Башан и по селата негови и во сите пасишта на Сарон, сѐ до крајните предели нивни.

174 Цар 14,23Тие сите беа впишани во родосло­вијата во времето на јудејскиот цар Јо­там и во времето на израилскиот цар Јеровоам.

Воините на источните племиња

18 4 Мојс 1,3 Меѓу потомците на Рувим и Гад и половината од племето Манасиево има­ше воинствени луѓе, мажи, кои носеа штит и меч, кои стрелаа со лак и опитни на борба – четириесет и четири илјади седумстотини и шеесет души, што одеа во војна.

191 Мојс 25,15Тие војуваа со Хагријците, со Је­турејците, Нафишејците, Нодавејците.

203 Цар 8,44; Ис 26,3; Пс 36,40; 54,4; Дан 6,22; 2 Лет 6,34И помош им беше дадена против нив, и Хагријците беа предадени во рацете нивни со сѐ што имаа, зашто во времето на борбите тие Го повикуваа Господа и Тој ги услишуваше, зашто на Него се надеваа.

21И ги зедоа стадата нивни: педесет илјади камили, ситен добиток двесте и педесет илјади, магариња две илјади и сто илјади луѓе.

225 Мојс 20,4; 4 Цар 15,29; 2 Лет 32,8Зашто ранети паднаа многу, бидејќи борбата беше од Бога. И живееја на нивното место сѐ до прогонството.

Потомците на Манасија

23 7,14; 4 Мојс 32,39; 5 Мојс 3,8-9 Потомците од племето Манасиево живееја во таа земја од Башан до Ваал-Ермон и Сенир и до гората Ер­мон; и тие се намножија.

24Еве ги нивните началници: Ефер, Јиши, Елиил, Азриил, Еремија, Хода­вија и Јахдиел, мажи силни, мажи про­чуени, глави на родовите свои.

Преселба на источните племиња

25 9,1; 10,13; 2 Мојс 24,15; 3 Мојс 18,3; 5 Мојс 32,15-18; 2 Лет 12,2 Но тие направија престап против Бога на татковците свои и почнаа да живеат блудно според боговите на народите во таа земја, кои Бог ги беше изгонил од пред лицето нивно,

264 Цар 15,16; 17,6; Ис 37,7тогаш Бог Израилев го поттикна духот на асирскиот цар Пул и духот на асирскиот цар Тилгат-Пилнесер, и тие ги преселија Рувимците и Гадовците и половината од племето Манасиево и ги одведоа во Хелах, Хавор и Хара и на реката Гозан, каде што се и до ден денешен.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help