Тит Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ВоведТит бил христијанин од нејудејско потекло (Гал 2,1-3). Тој бил еден од придружниците на Павле и одиграл важна улога при измирувањето на Коринтјаните со апостолот (2 Кор 7,6-16). Во моментот кога ова послание му било упатено, Павле се наоѓал на Крит; апостолот го назначил за надгледник (епископ) на активностите и организацијата на Црквата на тој остров (1,5).Уводот на посланието содржи краток преглед на пораката на апостолот (1,1-4). Продолжението на првата глава е посветено на одликите на одговорните луѓе на Црквата (1,5-16). Во втората глава, Тит добива совети кои се однесуваат на разни групи со кои тој се занимава во Црквата: старци, остарени жени (кои требале да ги поучуваат помладите жени), млади луѓе или слуги (2,1-15).Во третата глава ги прикажува должностите на христијаните, неопходноста да се живее во мир и да се одбегнуваат поделби (3,1-11), а потоа завршува со лични препораки и поздрави (3,12-15). Читателот лесно ќе открие дека пораката на ова послание не се однесува исклучиво на личноста и работата на Тит. Би можел да се донесе истиот заклучок и за двете посланија до Тимотеј. Всушност проблемите што тука се разгледуваат се оние кои постојано се поставуваат во Црквата, како оној за организирањето на заедниците, или, пак, за поведението на одговорните луѓе и на верниците кои ги сочинуваат заедниците.
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help