Лука 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Исусовото искушување(Мт 4,1-11; Мк 1,12-13)

1 5 Мојс 9,9; 3 Цар 19,8 Исполнет со Дух Свети, Исус се врати од Јордан, и беше одведен од Духот во пустината.

2Евр 4,15Четириесет дена Го искушуваше ѓаволот. Во текот на тие денови не ја­деше ништо, а кога изминаа тие, најпос­ле огладне.

33,22Тогаш Му рече ѓаволот: „Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да стане леб.“

45 Мојс 8,3А Исус му одговори и рече: „Напи­шано е дека не само со леб ќе живее човекот, туку и со секој збор Божји.“

5Потоа ѓаволот Го одведе на една ви­сока планина и му ги покажа за миг сите царства во светот.

6Мт 28,18; 1 Јн 5,19; Откр 13,2.4И Му рече ѓаволот: „Тебе ќе Ти ја дадам сета оваа власт и нивната слава, зашто мене ми е предадена, и ја давам кому што сакам.

7Ер 27,5Ако Ти ми се поклониш, сето тоа ќе би­де Твое.“

85 Мојс 6,13; 10,20Но Исус му одговори и рече: „Бегај од Мене, сатано, зашто напишано е: ‚На Господа, твојот Бог, поклонувај Му се и единствено Нему служи Му!‘“

9Ез 8,3И Го одведе во Ерусалим, и Го пос­тави на стреата од храмот, па Му рече: „Ако си Син Божји, фрли се одовде до­лу!

10Пс 90,11-12Зашто е напишано: ‚На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе да Те за­чу­ваат;

11и на раце ќе Те земат, да не си ја сопнеш ногата Своја на камен.‘“

125 Мојс 6,16И Исус му одговори и рече: „Кажа­но е: ‚Не искушувај Го Господ, својот Бог!‘“

1322,3.53; Јн 13,2.27; Евр 4,15Па откако ѓаволот заврши со сите искушенија, се оддалечи од Него за некое време.

Исус го започнува Своето дејствување во Галилеја(Мт 4,12-17; Мк 1,14-15)

14 Мт 3,16; 4,12 И се врати Исус во Галилеја во си­лата на Духот; и се разнесе глас за Него по целиот тој крај.

15Мт 4,23; 9,35А Тој поучуваше во нивните синагоги, и сите Го прославуваа.

Исус е отфрлен во Назарет(Мт 13,54-58; Мк 6,1-6)

16 2,39.51; Мт 13,54; Дела 17,1-2 И дојде во Назарет, каде што беше одраснал, и по обичајот Свој влезе еден саботен ден во синагогата и стана да чита.

17Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; и Тој, штом ја отвори, го најде местото каде што беше напишано:

18Ис 61,1-2

Ис 58,6„Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза да им со­општам ра­досна вест на сиромашните. Ме прати да ги исцелам оние со скрушено срце, да им проповедам на заробените осло­бо­дување и на слепите прогледување, да ги пуштам на слобода напате­ни­те;

193 Мојс 25,10-13да ја проповедам благопријатната година Господова!“

20Дела 6,15Потоа ја затвори книгата, му ја даде на прислужникот, и седна; а очите на сите во синагогата беа вперени во Него.

212,11И почна да им говори: „Денес се исполни ова Писмо што го чувте.“

222,47; 4,15; Мт 13,55; Јн 7,46И сите Му посведочија и се восхитуваа на Неговите благодатни зборови што излегуваа од устата Негова и ве­леа: „Не е ли Овој синот на Јосиф?“

234,31-41; Мк 1,21А Тој им рече: „Некој од вас сигур­но ќе Ми приговори со оваа изрека: ‚Лекаре, излекувај се Сам! Направи го и овде, во Твојот роден крај, она што чувме дека се случило во Капернаум.‘“

24Мк 6,4; Јн 4,44Па им рече: „Вистина ви велам: ни­еден пророк не е омилен во својата тат­ковина.

253 Цар 17,1; 18,1; Јк 5,17Навистина ви кажувам: имаше многу вдовици во Израил, во времето на Илија, кога се затвори небото три години и шест месеци и настана голем глад по целата земја;

263 Цар 17,8-16 и кај ниедна од нив не беше пратен Илија, но само кај една жена вдовица во Сарепта Сидонска;

274 Цар 5,1-14и имаше мнозина лепрозни во Из­раил во времето на пророкот Елисеј, но ниеден од нив не се очисти, освен Сири­ецот Нееман.“

28Дела 7,57А кога го слушнаа тоа, сите во си­на­гогата се исполнија со гнев;

294 Мојс 15,35; Дела 7,58па станаа, Го истераа надвор од гра­дот и Го одведоа на врвот од еден рид, каде што беше соѕидан нивниот град, за да Го турнат одозгора.

30Јн 8,59; 10,39Но Тој помина меѓу нив и си отиде.

Исус во Капернаум. Силата на Неговиот збор(Мт 7,28-29; Мк 1,21-28)

31 Мт 4,13 И слезе во Капернаум, во градот Галилејски, и ги поучуваше во саботни­те денови.

32Мт 7,28-29; Мк 11,18И се чудеа на Неговата наука, заш­то Неговото слово беше силно.

33Мк 5,2.7Во синагогата имаше еден чо­век обземен од дух на нечист демон, и тој извика со силен глас:

34Мт 8,29; Јн 6,69; Дела 3,14„Еј, што сакаш од нас Ти, Исусе од На­за­рет? Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам кој си. Ти си Светец Божји.“

35А Исус му заповеда, говорејќи: „Молкни и излези од него!“ Па откако го кутна насреде, духот зол излезе од него и ништо лошо не му направи.

36Сите ги обзеде страв, па си зборуваа меѓу себе: „Каков ли е тој збор! Зашто со власт и сила им заповеда на не­чис­ти­те духови и тие излегуваат!“

374,14; Мт 9,26Па се разнесе глас за Него по сите околни места.

Исус оздравува многумина болни(Мт 8,14-17; Мк 1,29-34)

38 Јн 4,52; Дела 28,8 Мт 4,18 Штом излезе од синагогата, влезе во куќата Симонова; а тештата на Си­мон имаше силна треска, и Го помолија за неа.

39И како застана над неа, Тој ја пре­кори треската, и таа ја остави; и жената веднаш стана и им служеше.

4013,13; 1 Тим 4,14И на зајдисонце, сите што имаа болни од разни болести ги доведуваа кај Него; а Тој, положувајќи раце над секого од нив, ги исцелуваше.

413,15; Мт 14,33; 16,13.16; 22,41-42; Мк 3,11; Јн 1,20.41; 7,26-27.41-42; 11,27; 20,31; Дела 4,26; 17,3; Рим 9,5; 1 Јн 2,22Од мнозина излегуваа демони со ви­кање, и велеа: „Ти си Христос, Син Божји.“ А Тој забрануваше и не им доз­волуваше да кажуваат дека знаат дека е Тој Христос.

Исус проповеда во Јудеја(Мт 4,23; Мк 1,35-39)

42 Мк 1,35.37 Кога се раздени, Тој излезе и отиде на осамено место, а луѓето Го бараа па, кога дојдоа кај Него, Го задржуваа да не си оди од нив.

43Мт 9,35; 24,14; Мк 1,14-15А Тој им рече: „И на другите гра­дови треба да им ја објавам радосната вест за царството Божјо, зашто за тоа сум пратен.“

44Мт 4,23И проповедаше по синагогите га­ли­лејски.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help