1Одговори Елифаз од Теман и рече:
232,18-20„Ако се обидеме да ти проговориме, нема ли да ти биде тешко? Но кој може да ги сопре своите зборови!
3Ете, ти мнозина си советувал и си поткрепувал изнемоштени раце,
4твоите зборови го исправале оној што паѓал, си поткрепувал раслабени колена.
5Изреки 24,10; Рим 2,19-21А сега злото дојде до тебе, и ти изнемоште; допре до тебе, и ти падна со духот.
6Твојата богобојазливост не треба ли да биде твоја надеж, и непорочноста на твоите патишта – твоја поткрепа?
7Пс 21,4-5; 34,20-21; 36,25Спомни си, загинал ли некој невин, и каде праведните биле искоренувани?
8Изреки 12,21; Сир 2,10; 2 Птр 2,9како што сум гледал: оние што ораат нечесност и сеат зло, тоа и го жнеат;
9Ос 8,7; 10,13; Изреки 22,8; Сир 7,3; Гал 6,7од здивот Божји загинуваат и од духот на гневот Негов исчезнуваат.
1038,39-40; Соф 3,3Рикањето на лавот, гласот на тигарот и забите на лавчињата се кршат;
11Пс 9,29; 17,12; 21,14.22; 56,5; Изреки 28,15силниот лав загинува кога нема плен, лавчињата на лавицата се распрснуваат.
12И, ете, до мене скришно долета збор, и увото мое долови нешто од него.
1333,15Среде размислувањата за ноќните виденија, кога сонот ги обзема луѓето,
141 Мојс 15,12мене ме зафати страв и трепет и ги растресе сите мои коски.
15И дух помина над мене; косата ми се крена.
163 Цар 19,13Тој застана, – но јас не го видов лицето негово, – само облак беше пред очите мои; тивко веење, и чув глас:
179,2; 14,4; 15,14; 25,4; Пс 13,1-5; 143,2‚Зар човекот може да биде поправеден од Бога? И може ли тој да биде почист од својот Создател?‘
18Ете, Тој и на слугите Свои не им верува и во ангелите Свои наоѓа недостатоци:
1925,6дотолку повеќе кај оние, кои живеат во земјени куќи, чии основи се од прав и кои пропаѓаат и од молец.
20Меѓу утрото и вечерта тие се растураат; нема ни да забележиш како исчезнале наполно.
218,22Јажето што ги крепеше е скинато. Тие умираат без да станат мудри.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
