1Кога со ждрепка ќе ја делите земјата на делови, одделете свет дел за Господ – дваесет и пет илјади лакти во должина и десет илјади лакти во ширина; тоа место да биде свето како целина наоколу.
2Од него до светилиштето да има четириаголник, по петстотини лакти наоколу и околу него, со ширинка од педесет лакти.
348,8Според таа мерка измери дваесет и пет илјади трски надолж и десет илјади трски по ширината, каде што ќе се наоѓа светилиштето, Светињата над светињите.
4Тој дел од светата земја ќе им припаѓа на свештениците, служители на светилиштето, кои ќе пристапуваат да Му служат на Господ; тоа место ќе биде место за куќи и светиња за светилиштето.
5Дваесет и пет илјади трски по должина и десет илјади трски по ширина, ќе им припаѓа на левитите, служители на храмот, како нивно владение, каде што ќе живеат.
6Дајте му и на градот владение од пет илјади трски нашир и дваесет и пет илјади трски по должина, спроти светото место, определено за Господ; тоа ќе му припаѓа на сиот дом Израилев.
Земја за кнезот7И за кнезот определете дел од едната и од другата страна, до светото место, определено за Господ, како и до владението на градот, кон запад од западната страна и кон исток од источната страна, во должина еднаква со еден од оние делови од западниот до источниот крај.
8Ер 22,17Тоа ќе биде негова земја, негово владение во Израил, така што во иднина кнезовите Мои да не го угнетуваат народот Мој, и земјата да ја раздаваат на домот Израилев според колената негови.
Уредби за кнезовите9Така вели Господ Бог: кнезови израилски, доста беше ова, оставете ги насилствата и принудувањата, а вршете закон и правда; престанете да го изгонувате народот Мој од владенијата негови, вели Господ Бог.
103 Мојс 19,36Имајте иста мерка: вистинска ефа и вистински бат.
11Ефата и батот треба да бидат еднакви, така што батот да содржи една десетина хомер, а и ефата една десетина хомер; мерката нивна треба да се определува според хомерот.
12Во еден шекел треба да се содржат дваесет гери; а дваесет шекели, дваесет и пет шекели и петнаесет шекели треба да ви претставуваат една мина.
13Ете, тоа е данокот што ќе му го давате на кнезот: шести дел од ефа по секој хомер пченица и шести дел од ефа по секој хомер јачмен;
14а мерката за маслото: една десетина бат од секој кор, (корот, како и хомерот изнесува десет бата);
15по една овца на стадо од двесте овци, од богатото пасиште на Израил; сето тоа ќе биде дар за лебен принос, за сепаленица и за благодарствена жртва, поради нивното очистување, вели Господ Бог.
16Сиот народ од земјата должен е да го дава тој принос за кнезот во Израил.
17А кнезот е должен да принесува сепаленици и лебен принос, прелив на празници, во новомесечијата и во саботите за време на сите прослави во домот Израилев; тој ќе треба да принесува жртви за грев и лебен принос, сепаленици и благодарствени жртви за очистување на домот Израилев.
За празниците18 2 Мојс 12,1-20; 3 Мојс 23,33-43 Така вели Господ Бог: во првиот месец, на првиот ден од месецот, земи од стадото волови јунец без недостаток и очисти го светилиштето.
19Свештеникот нека земе крв од таа жртва за грев и со неа нека ги пороси довратниците на храмот и рамнинката на жртвеникот на четирите агли, а и довратниците на внатрешниот двор.
20Тоа исто направи го и во седмиот ден од месецот за оние кои намерно и од незнаење грешат, па така очисти го храмот.
21На четиринаесеттиот ден од првиот месец треба да празнуваш Пасха, седмодневен празник кога ќе се јадат бесквасни лебови.
223 Мојс 4,14Во тој ден кнезот ќе принесе за себе и за сиот народ во земјата жртва – еден јунец за грев.
23И во тие седум дена на празникот тој ќе Му принесува на Господ сепаленица секој ден, по седум јунци и по седум овни без недостаток, а и жртва за грев секој ден – по еден козел од стадото кози.
24Лебен принос ќе принесува по ефа на јунец и по ефа на овен, и масло по хин од ефа.
25Во седмиот месец, на петнаесеттиот ден од месецот, на празникот, во текот на седумте дена тој треба да принесува исто таква жртва за грев, таква сепаленица, и толку лебен принос и толку масло.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.