Езекил 46 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

За кнезот и празниците

1Така вели Господ Бог: „Вратата на внатрешниот двор, свртена кон исток, треба да биде затворена во текот на шесте работни денови, а во са­ботниот ден да биде отворена, но и во деновите на новомесечијата треба да би­де отворена.

2Кнезот ќе мине низ надворешниот трем до вратата и ќе застане кај довратниците на таа врата; свештениците ќе ја извршуваат неговата сепаленица и неговата благодарствена жртва; и тој пред прагот на вратата ќе Му се покло­ни на Господ и ќе излезе, а вратата ќе остане отворена до вечерта.

34 Мојс 28,9-10И народот од таа земја ќе се покло­ни пред Господ, пред влезот на вратата, во саботите и во новомесечијата.

4Сепаленицата, која кнезот ќе Му ја принесува на Господ во саботен ден, треба да се состои од шест јагниња без недостаток и овен без недостаток;

54 Мојс 28,11-15лебниот принос ќе биде ефа на овен, а лебниот принос за јагнињата колку што ќе му даде раката, како и масло – еден хин на ефа.

6Во денот, пак, на новомесечие, тој ќе принесува по еден јунец без недостаток од стадото волови, а и по шест јагниња и по еден овен без недостаток.

7Лебниот принос ќе се состои од ефа на јунец и ефа на овен, додека за јагнињата колку што раката ќе му даде, како и масло по еден хин на ефа.

8И кога доаѓа кнезот, тој треба да влегува низ тремот од таа врата, и по истиот пат да излегува.

9А кога доаѓа народот од таа земја пред лицето на Господ во празнични де­нови, оној што ќе влегува низ северната врата за поклон, ќе треба да излезе низ јужната врата, додека оној што ќе влезе низ јужната врата, тој ќе треба да изле­зе низ северната врата: тој не треба да излегува низ истата врата низ која влегол, туку низ спротивната врата.

10И кнезот треба да се наоѓа меѓу нив; кога ќе влегуваат тие, и тој влегува, и кога ќе излегуваат тие, излегува и тој.

11И во празничните денови и за време прославите за лебен принос треба да има по ефа на јунец и по ефа на овен, а за јагнињата колку што раката ќе му даде, како и масло – по хин на ефа.

12Ако, пак, кнезот по своја волја по­бара да принесе сепаленица или благодарствена жртва на Господ, тогаш нему ќе му се отвори вратата, свртена кон ис­ток, и тој ќе ја принесе својата сепале­ница и својата благодарствена жртва, онака како што се извршува во саботен ден, и потоа тој ќе излезе, но по негово­то излегување, вратата ќе се затвори.

Секојдневните жртви

13Секој ден принесувај Му на Господ сепаленица по едно јагне без недостаток, принесувај го изутрина.

14И лебен принос додавај кон него се­кое утро – по една шестина од ефа и по една третина од хин масло, за да се покваси брашното; тоа е вечна наредба за лебниот принос на Господ, засекогаш.

15Постојано, секое утро, да се принесува за сепаленица по едно јагне, лебен принос и масло.

Кнезот и земјата

16Така вели Господ Бог: ако кнезот на некого од синовите свои му даде дар, тој дар треба да му е во наследство и на синовите негови; тоа нивно владение треба да биде наследствено.

173 Мојс 25,2-7.10Ако, пак, од наследственото свое му даде дар на некого од слугите свои, тој подарок ќе му припаѓа само до ослободувањето негово, а потоа тој ќе му се врати на кнезот. Само на неговите си­нови треба да остане наследството негово.

183 Цар 21Но кнезот нема право да зема од наследствениот дел на народот, гонејќи ги луѓето од нивните владенија; само од своето владение тој може да дава на децата свои, та никој од народот Мој да не биде изгонет од неговото владение.“

Кујните во храмот

19И ме доведе тој до ходникот, што се наоѓаше откај вратите, во светите соби за свештениците, свртени кон север, а таму, ете, имаше едно место во дното кон запад.

20И ми рече: „Ова е местото каде што свештениците треба да ја варат жртвата за вина и жртвата за грев, каде што тре­ба да го печат лебниот принос, не изнесувајќи го во надворешниот двор, за ос­ветување на народот.“

21Па ме изведе во надворешниот двор и ме проведе по четирите агли на дво­рот, и, ете, – кај секој дворен агол има­ше пак двор.

22Во сите четири дворни агли имаше покриени дворови, по четириесет лакти во должина и по триесет лакти во ши­ри­на, сите четири имаа иста мерка.

23Насекаде околу четирите дворови имаше ѕидови, а кај ѕидовите беа на­пра­вени огништа наоколу.

24И ми рече: ете, тоа се готварни­ци­те, во кои служителите во храмот ги ва­рат народните жртви.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help